Добивај вести на Viber
„Македонија 2025“, во соработка со Schulich School of Business, годинава ќе стипендира шест македонски менаџери да посетат курсеви во Schulich Executive Education Center и истовремено да остварат работни посети во канадски компании, известува организацијата.
Според доопштението од организацијата на менаџерите од Македонија ќе им биде овозможено да посетат курсеви на една од топ 10-те Бизнис Школи во светот.
Schulich School of Business е дел од York University од Торонто, Канада и е рангирана меѓу топ 10-те светски Бизнис школи според Financial Times, Forbes Magazine, BusinessWeek, The Wall Street Journal и the Economist
Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е фокусиран/втемелен на принципот „токму-кога-треба“ (just-in-time) учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи, се вели во соопштението на Македонија 2025.
Стипендијатa е во износ од 12,000-15,000 канадски долари, и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од над 120 курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори.
Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и пет годишно работно искуство, пожелно од извозно-ориентирани компании или владини институции.