„Македонија 2025“ носи врвни директори од најпознатите светски корпорации
Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 14:51
Врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер, го птоврдиле своето присуство на Глобалниот инвестицискиот самит „Македонија 2025“, истакна денеска петседателот на Бородот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски.
Самитот на кои ќе присуствуваат некои од најистакнатите имиња од светската бизнис елита, како и голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори, ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид.
Вториот Глобален инвестициски самит за Македонија ќе биде фокусиран на конкурентноста на Македонската економија и можностите за нејзино унапредување преку иновација, претприемништво и трансфер на знаења.
Зафировски го потенцираше значењето на овој самит надоврзувајќи се на ланскиот на кој присуствуваа 350 врвни домашни и странски бизнисмени, дипломатски и владини претставници. Тој порача дека и оваа година организаторот, Македонија 2025 очекува голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори. Регистрацијата е отворена и веќе постои голем интерес кај компаниите за учество.
„Имам чест да најавам некои од врвните директори на светски познати корпорации кои доаѓаат во Охрид како потврдени говорници: Сенди Ог – еден од главните партнери во Блекстоун, Крис Галвин – поранешен прв човек на Моторола, Златко Тодорчевски – главен финансиски директор во Брамблс, Ален Мидлтон – извршен директор на Шулих Школата за Бизнис (една од десетте најдобри бизнис школи во светот) и Др. Џон Кол од Бомбардиер“, рече Зафировски на денешната пресконференција.
Посебна тема на конференцијата беше и инвестицискиот фонд СЕАФ Македонија I, и според Мајк Зафировски ова е прв фонд од ваков вид, покренат од инвеститори од Дијаспората.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




