Македонија ги укина царините за американски производи: Ќе има ли реципроцитет?
Објавено во: Економија 04 Јули, 2025 09:46
Македонија повеќе нема царини за производите кои доаѓаат од САД - Од 1 јули стапија на сила измените на законот кој го предложи Министерството за финансии, а со кој се укинаа тарифите за американските производи.
Информацијата за Фактор ја потврдија од Министерството за финансии, од каде повторуваат дека со измените на Законот за царински тарифи освен либерализација на увозот од САД, се намалуваат царинските стапки за 67 стоки.
Сега, се чека на одлуката на САД, дали ќе возврати на укинатите царини. Виетнам, кој се одлучи на истиот чекор како Македонија и целосно ја укина царината за стоките од САД доби тарифа од 20% за производи од Виетнам на американскиот пазар.
Царината која САД ја воведе за Македонија изнесуваше 33%, но по една недела, Трамп одлучи да ги суспендира царините за 90 дена – суспензија која истекува на 9 јули.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




