САД НЕ ОТСТАПУВААТ ОД НАЈАВЕНИТЕ ЦАРИНИ: по неколкуте одлагања, дали сега навистина ќе стартуваат тарифите?
Објавено во: Финансии 04 Јули, 2025 09:43
Со наближувањето на крајниот рок за примена на одложените нови царини кои САД ги најави за производи кои се увезуваат во нивната земја повторно растат тензиите.
Тамоштни први луѓе тврдат дека нема да има ново одлагање како минатите пати, иако сами признаваат дека не можат да постигнат договори со сите земји.
Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10 проценти за околу 100 земји, изјави синоќа американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „бран“ трговски договори пред крајниот рок на 9 јули, кога царините треба драматично да се зголемат.
Доколку 100 земји бидат погодени со царини од 10 проценти, тоа би било помалку од 123-те земји што првично ги проектираше администрацијата на Трамп.
Во април, американскиот претседател привремено ги намали царините за сите земји на 10 отсто за да им даде време да преговараат. Многу земји со почетна царинска стапка од 10 проценти сè уште не преговарале со Трамп, со исклучок на Велика Британија, која во мај постигна договор за одржување на стапка од 10 посто и доби преференцијален третман во некои сектори.
Главните трговски партнери кои моментално се во преговори со САД би можеле да се соочат со повисоки царини, вклучувајќи 20 отсто за Европската Унија, 26 проценти за Индија и 24 посто за Јапонија.
Другите земји кои не се во преговори со Трамп би можеле да се соочат со уште повисоки царини - вклучувајќи 50 отсто за Лесото, 47 проценти за Мадагаскар и 36 посто за Тајланд.
Во средата, американскиот претседател објави дека постигнал договор со Виетнам со кој царините за многу виетнамски стоки ќе се намалат на 20 проценти од првичните 46 отсто и ќе им се даде на многу американски стоки пристап без царина до виетнамскиот пазар.
Воедно Трамп најави дека нема да ја продолжи 90-дневната пауза за примената на глобалните реципрочни царини, која завршува на 9 јули. Наместо тоа, најави дека ќе испрати официјални писма до одделни држави, во кои детално ќе бидат наведени тарифите што ќе ги плаќаат за да имаат пристап до американскиот пазар.
Оваа најава следува веднаш откако беше претставен нов трговски договор со Виетнам. Со него, стоките од САД ќе може да се извезуваат во Виетнам без царини, додека производите од Виетнам на американскиот пазар ќе се соочуваат со тарифа од 20 проценти.
Претходно, Трамп предложи и покрути мерки, вклучително и 46 проценти данок на увозот од Виетнам, како дел од неговиот пристап за изедначување на трговските услови.
Покрај трговската политика, Трамп ги обнови и повиците за дипломатски преговори со Иран, овојпат преку специјалниот пратеник Стив Виткоф, а не ја исклучи ниту личната вклученост во идни средби.
И покрај неодамнешните воздушни напади на САД врз ирански нуклеарни локации, министерот за надворешни работи на Иран истакна дека неговата земја останува отворена за разговори, но по сопствено темпо, не онака како што бара Вашингтон.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




