05 Декември, 2025
0.1131

Македонија го стопира увозот на српско брашно-соседот ќе се жали до ЦЕФТА

Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2013 10:15

Добивај вести на Viber

Различни прописи и правила воведуваат македонските власти со кои не дозволуваат увоз на брашно и пченица, кршејќи го ЦЕФТА договорот. Само индустријата на брашно по оваа основа бележат загуба од три милиони евра годишно, а што е уште полошо, овој своевиден бојкот опфаќа голем број производи од Србија, пишува српски “Блиц“. Од “Житовојводина“, деловна заедница која ги обединува најголемите млинови во Србија, за “Блиц“ велат дека ваквите потези на македонските власти ја чинат околу 600.000 евра месечно. -Праксата со која се воведуваат различни уредби и правилници со кои се оневозможува увоз на српско брашно трае веќе три години, и тоа околу пет месеци годишно, а проблемот никако да се реши“, рекол Здравко Шајатовиќ, заменик директор на “Житовојводина“. Праксата на Владата во Скопје е да го бојкотира увозот на пченица и брашно се’ додека српските власти не се пожалат на ЦЕФТА, по што е потребно да поминат два до три месеци за да може за тоа да расправа Заедничкиот комитет на ЦЕФТА, кога, како што пишува “Блиц“, се отстрануваат погубните бариери. Расим Љајиќ, министер за трговија, за “Блиц“ вели дека владата упатила писмо до македонската Влада со надеж овој проблем да се реши на билатерална основа. -Доколку на овој начин не успееме да ги отстраниме сите недоразбирања, не ни преостанува ништо друго освен да се обратиме до ЦЕФТА“, вели Љајиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?