Македонија годинава со поголема потреба за енергија
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 09:37
Оваа година вкупната потрошувачка на енергија во земјава ќе порасне за 2,3%.
Потрошувачката на електрична енергија ќе зависи од работата на индустриските капацитети кои учествуваат со 20% во вкупната потрошувачка.
И годинава сообраќајот ќе биде најголем потрошувач на енергија, а во вкупната потрошувачка најголем удел од 50% ќе имаат нафтените деривати, струјата ќе учествува со 27, а јагленот со 6%, предвидува Предлог-енергетскиот биланс за 2017 година.
Енергетскиот биланс е документ кој ја содржи целокупната потрошувачка на сите енергенси во државата за една година и ги опишува консументите, односно потрошувачката на енергијата. За периодот 2013 – 2017 година предвидува пораст на потрошувачката на сите енергенси со просечна стапка од 3,3 проценти на годишно ниво.
Експертите очекуваат дека потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата ќе остане непроменета. Велат дека со нејзино намалување може да се дојде дури по целосната гасификација на земјава.
Во билансот е предвидено и годинава да расте учеството на обновливите извори на енергија, но, според аналитичарите, хидроелектраните и ветерниот парк не можат да го ублажат недостигот атокот на струја, затоа што тие зависат од временските услови. Се предвидува и дека ќе има неповолна хидролошка состојба и да расте побарувачката на гас.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




