06 Октомври, 2024
0.0252

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА: На море патувајте само со кеш!

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Случувањата во Грција за Македонија имаат негативна и позитивна страна, коментираат од бизнис секторот. -Секако дека на тоа што се случува во Грција бизнисот не може да остане имун, но не очекувам некои големи пореметувања. Мислам дека тоа што сега се случува во Грција може да влијае и негативно и позитивно кај нас. Кога велам позитивно сметам дека може да дојде до намалување на цените на репроматеријалите што ние ги увезуваме од Грција, и на тој начин кога ќе имаме поевтини репроматеријали ќе произведеме поконкурентен производ. Од друга страна мислам дека негативните последици би биле во банкарскиот сектор во земјава, со оглед на тоа дека имаме грчки капитал во дел од нашите банки кој е со одлучувачка позиција. Сепак овие сценарија се под претпоставка да се случи банкрот, но сметам дека Германија нема да дозволи тоа да и се случи на Грција, и повторно како пред 10 години ќе и помогне и ќе ја спаси, и веројатно и грчката влада игра на таа карта, вели бизнисменот Мендерес Кучи. Од Стопанската комора на Македонија, очекуваат дека е можно да има намалување на нарачките од Грција, а поради ризикот од евентуален банкрот на Грција и нејзините банки, веќе ја следат состојбата и вршат анализи. -Можеби е можно намалување на нарачките кои произлегуваат од склучени догори со Грција, ние ја следиме, но за се ова дефнитивно ќе знаеме откако ќе направиме анализа, изјаву  Елена Шурбеска од  Стопанската  комора. Од Народната банка на Македонија соопштија дека дека што и да се случи со банкарскиот сектор во Грција, тоа нема да има негативно влијание врз банкарскиот сектор во земјава, ниту  врз работата на банките со грчки капитал. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов, на вчерашната средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, констатираше дека македонскиот банкарски систем е стабилен и може без поголеми последици да ги издржи ударите од можната криза во еврозоната.  Гувернерот Богов го информирал претседателот Иванов за преземените мерки и активности на Народната банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. Банките со доминантен грчки капитал се ликвидни Грција е една од земјите која во Македонија има доминатен капитал во банкарскиот како што се банките  Стопанска и Алфа, но и во трговскиот бизнис, односно компаниите “Окта” и “Усје”. Во првиот квартал од годинава вкупниот грчки капитал во земјава изнесува 150 илјади евра, а лани грчките вложувања во земјава изнесувале 3,5 милиони евра. Од НБРМ информираа дека  двете домашни банки со странски капитал се во одлична ликвидност и дека  не се забележува масовно повлекување на пари од банките во грчка сопственост. Дел од познавачите во банкарскиот сектор велат дека и доколку имаат потреба од дополнителни средства, матичните групации законски можат да повлечат најмногу 10% од капиталот кој го имаат во земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика Грција е меѓу десетте земји трговски партнери на Македонија. Лани  вкупната трговска размена со Грција лани изнесувала близу 900 милиони долари, а во првиот квартал од годинава околу 208 милионини долари Кризата ги загрижи туристите Дел од странските медиуми деновиве предупредија  дека Грција може да го ограничи повлекувањето на пари од банкарски сметки. Веста дека грчките банки се пред колапс и дека е можно да останат затворени за повлекување на пари, предизвика загриженост и кај туристите кои планираат да летуваат во Грција. Така странските експерти за „Блумберг“ порачаа, туристите што планираат да ја посетат Грција, да понесат со себе доволно средства во кеш за минимум 3-4 дена.Официјален Лондон веќе се подготвува за „извлекување и брза евакуација“ на сите Британци кои сега се на одмор во Грција, доколку поради кризата со долговите, банките во Грција и банкарските автомати останат без готовина,  пишуваат британските медиуми. Деновиве Европската централна банка излезе со информација дека поради големиот дневен одлив на пари од грчките банки, можно е да се побара од грчки банки да стават клуч на врата. Минатата недела од понеделник до среда од грчките биле повлечени околу две до три милијарди евра, или 1,5 отсто од вкупно 133,6 милијарди евра, кои граѓаните и деловните субјекти ги имаат на сметките во банките. Состанокот во Брисел без позитивен епилог Вчерашниот состанок на еврогрупата за грчата должничка криза заврши без конкретни резултати, а нова рунда преговори се најавени за наредните денови, кога е најавено дека ќе бидат разгледувани предлозите кои викендов ги дал грчкиот премиер Алексис Ципрас кои се оценети како разумни, но задоцнети. Претседателот на еврогрупата, Јероен Дијселблом,изјави дека предлозите ќе се искористат како основа за постигнување на договор и доколку се оди по планот можно е до крајот на неделава да се најде решение . Грчкиот министер за економија Јоргос Статакис и првиот финансиер на Германија, Волфганг Шојбле излегоа со различни ставови. Статакис изјави дека Грција е спасена и дека новите предлози на Атина ги поместиле преговорите со кредиторите од мртвата точка, додека Шојбле дека сеуште не е добиен одржлив предлог. Инаку за една недела Грција треба да постигне договор со меѓународните кредитори за да може да плати дел од кредитот што го должи на Меѓународниот монетарен фонд, а грчката владата треба да одлучи дали повторно ќе ги намалува пензиите и платите, што е еден од улсовите на  меѓународните  кредитори и дел од мерките за штедење или пак ќе одбие да ги спороведе условите , што за Грција ќе значи банкрот. Грција треба да врати долг од 1,6 милјарди евра на ММФ, кој што не би можела да го врати без добивање на последната рата од кредиторите во износ од 7,2 милјарди евра. Европската унија и порача на грчката влада дека без сериозни реформи нема да го продолжи  пакетот помош. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип