05 Декември, 2025
0.0399

Македонија и Албанија ќе преземаат заеднички мерки за заштита на охридската пастрмка

Објавено во: Агробизнис 16 Декември, 2013 13:07

Добивај вести на Viber

Албанија мора да го следи македонскиот пример за обезбедување финансиска поддршка во земјоделството. Двете земји потребно е да ја зголемат размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји. Ова се дел од заклучоците од денешната средба меѓу министрите за земјоделство на Македонија и Албанија, Љупчо Димовски и Едмонд Панарити која се одржа во Скопје. Двајцата министри се согласија дека се неопходни засилени мерки за заштитата на охридската пастрмка и за таа цел ќе се спроведуваат ригорозни контроли на риболовот од албанска страна. - Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди зашто размената е многу мала. За таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности, рече министерот Димовски на прес-конференција по средбата. Според Димовски, Македонија на албанскиот пазар може да пласира градинарски производи и овошје, а оттаму да увезе морски плодови, лимони, портокали, маслинки и маслиново масло. Министерот Панарити напомена дека Албанија мора да го следи македонскиот пример за обезбедување финансиска поддршка во земјоделството. - Заинтересирани сме за вашите искуства во однос на субвенционирањето и успехот од распределбата на поддршката. Тоа е и една од причините зашто дојдовме, да научиме од вас околу креирањето на политиката на финансиската поддршка и тоа да го примениме во Албанија, посочи Панарити кој пристигна во Македонија со директорката на Платежната агенција на Албанија. Димовски и Панарити по средбата во Министерството за земјоделство заминаа во посета на Платежната агенција каде албанските претставници директно ќе имаат можност да се запознаат со реализирањето на ИПАРД средствата и државната поддршка.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?