Македонија и Албанија ќе се поврзат со тунел кај Ќафасан
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2024 12:31
Македонија и Албанија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, во рамки на проектот за изградбата на коридорот 8. Ова го навести албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.
- Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат на мостот кај Буштрица, каде воедно ќе биде и новиот граничен премин, кој ќе биде преку тунел, објави Балуку.
Ова таа го информираше при увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на патниот правец Елбасан – Граничен премин Ќафасанна албанската страна.
Министерката наведе дека проектот предвидува изградба и на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.
Патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.
Ако до сега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан (50 км) беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.
Проектот почна да се реализира во декември 2022 година а во јуни годинава дел од овој патен правец, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, беше пуштен во употреба за сообраќај.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




