18 Декември, 2025
0.0690

Македонија и Бугарија меѓусебно си бараат извинување: Каде е лавот, а каде е глушецот?

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 13:58

Добивај вести на Viber

Лавот и глушецот од синоќа се главна тема во Бугарија. Наместо да се извини, бугарската влада бара извинување од Македонија. Нивниот премиер Росен Жељазков побара премиерот Христијан Мицкоски да најде начин да го стори тоа, затоа што го нарекол бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев глушец.

„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, рече тој.

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов меѓу другото, зборуваше дека во земјава „сонцето греело посилно, што се гледало и по пожарите“.

„Во Република Северна Македонија, сонцето очигледно гори посилно. Ова е очигледно и во пожарите што се на нивна територија – во вистинска смисла, не само алегорично – бидејќи премиерот Мицкоски се обиде грубо да се однесува кон нашиот министер за надворешни работи. Ова однесување не е ниту европско ниту нормално за 21 век“, рече Ангелов.

Тој го брани и наративот на министерот Георг Георгиев, кој го нарече премиерот Христијан Мицкоски „северномакедонски“ премиер.

„Нашиот министер се осврнува на работите на правилен начин, проблемот произлегува од тоа како тие ги толкуваат работите. А кога зборуваат за „источниот сосед“ и не го користат зборот Бугарија - што да кажеме“, додаде Ангелов.

Од утрово, на бугарските медиуми може да се видат секакви наслови. Се оди до констатацијата дека Македонија не сакала во Европската Унија, туку сакала да биде дел од „Српски свет“, нешто за што велат дека не е замисла на српскиот претседател Александар Вучиќ, туку на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

И бугарскиот академик Спас Ташев вели дека немало ништо навредливо во „северномакедонски“.

„Северна Македонија е Северна затоа што зафаќа само 37% од северните делови од географската област Македонија. Со 37%, не можете да бидете само Македонија и да бидете само македонски премиер. Со 37%, можете да бидете само северно- македонски премиер, затоа што придавката изведена од Северна Македонија е северно- македонски. Многу аналогии: севернокорејски, северновиетнамски, источно-тиморски, западносахарски итн“, напиша тој на Фејсбук.

Поради оваа изјава, како што претходно најави Фактор, МНР го повика на разговор бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељаско Радуков, кому му беше пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на министерот Георгиев.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми