17 Јануари, 2025
0.0290

Македонија и Косово се на прагот на трговска војна

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Ако до среда ресорните министри за транспорт на двете земји не ги усогласат ставовите околу недоразбирањето дали треба да има дозволи за превоз во трети земји - како што сака косовската страна или пазарот треба да биде целосно либерализиран и да нема дозволи за превоз во трети земји - како што сака македонската страна, тогаш отворена е опцијата Косовските власти повторно да почнат да наплаќаат административни такси за добивање патна дозвола за македонските транспортери. Во таков случај, владини извори за Фактор велат дека е огромна веројатноста и Македонија да превземе исти мерки за косовските транспортери, што практично би значело вовед во трговска војна меѓу двете земји. Со оглед дека и двете страни засега цврсто стојат на својот став, ваквата опција е отворена, ако во меѓувреме не се испеглаат недоразбирањата. Македонија и Косово веќе извесно време не можат да ги усогласат ставовите околу тоа дали треба да има или не дозволи за превоз во трети земји, поради што проблемот ескалираше пред неколку дена. Косовските власти на камионите што возат стока во Косово им наложија при секој влез да платат административна такса за добивање патна дозвола во висина од 20 до100 евра во зависност од тежината, товарот и типот на возилото. По реакциите на македонските транспортери, следуваа итни преговори меѓу ресорните министри за транспорт на Македонија и Косово. Преговорите што се одвиваа во Косово завршија со краткорочно решение, според кое до четврток на полноќ сите видови на превоз на стоки и патници ќе бидат либерализирани, односно косовските власти нема да наплаќаат никакви такси. Во меѓувреме,на средбата двајцата минситри за транспорт договориле дека треба да се усогласат недоразбирањата. Ако договор нема тогаш косовските власти повторно ќе ги воведат такстите за македонските транспортерите. Со оглед дека Косово, не отстапува од барањето за потпишување на спогодбата за соработка во транспортот што ја иницирале пред две години, а која предвидува воведување на дозволи за превоз во трети земји, а засега ниту Македонија не отстапува од своето барање да нема дозволи, отворена е можноста за трговска војна. „Воведувањето на дозволи за превоз во трети земји ќе биде чекор назад. Цела Европска Унија нема дозволи и Македонија во сите преговори со земјите бара либерализиран пазар, а такви договори веќе има со десетина земји“, велат владини извори за Фактор Доколку таксите сепак се воведат македонските транспортери велат дека тие ќе бидат принудени сумата што ќе ја плаќаат како износ за таксата за патна дозвола да го вметнат во цената на превозот, со тоа ќе биде повисока и крајната цена на производите што се увезуваат во Косово. На воведувањето на административните такси за транспортерите реагираа и косовските невладини организации. Тие посочија дека владината одлука е на штета на потрошувачите на Косово и обвинја дека косовската влада планира да го полни буџетот на сметка на граѓаните. Невалдините организации во косово предупредија и дека таквата одлука на властите ќе доведе до нов бран на поскапување на храната и дригите непрехранбените производи, бидејќи увозот во Косово главно се реализира од Македонија и од Србија чии транспортери беа воведени истите давачки. Реакција Сараќини - Кусари Според Сараќини, главниот проблем е во Договорот за регулирање на патниот сообраќај, поточно членот 6 со кој се регулира делот на транспорт во трети земји. Тој посочи дека проблемот ќе биде надминат заради постојаната комуникација меѓу двајцата министри за транспорт и врски. – „Таксата е веќе укината, а до среда се очекува надлежните министри за транспорт и врски од РМ и РК да го надминат проблемот со членот 6 од Договорот за регулирање на патниот сообраќај, со што ќе се задржат добрите економски односи меѓу двете земји, изјави Сараќини. Според вицепремиерката на Косово и министер за индустрија Кусари Лила, одредбата што ја спроведува косовското министерството за инфраструктура е за заштита на косовските интереси. „Од пред две години од косовска страна иницирано е потпишување на договор за соработка во областа на транспортот меѓу двете земји. He знаеме зошто има двоумење и зошто се уште не се потпишува од македонска страна. Се надеваме дека ќе се надминат проблемите со оваа такса со договорот кој треба да се потпише до среда, изјави Кусари Лила. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан