08 Октомври, 2024
0.0352

Македонија и Србија со дополнитени мерки за заштита од „Африканска свинска чума“

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Три земји на балканот се зафатени од „Африканска свинска чума“, надлежните во Македонија, но и во регионот ги превземаат сите мерки за заштита на свињите од болеста.

Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Трајан Димоковски вчера рече дека во земјава нема „Африканска свинска чума“, но дека министерството и институциите се во постојана комуникација за поголема заштита и нови информации.

Една од мерките кои ги превземе земјава за превенција е отпочнувањето порано на ловењето диви свињи, како едни од најголемите преносители на оваа болест, која е опасна по свињите, но не и по здравјето на луѓето.

Засилени се контролите на граничните премини, не смее да се внесуваат преработки од месо и сувомеснати производи кои содржат месо од свињи.

Веќе се разговарало со Агенцијата за храна и Јавното претпријатие за паркинзи за нови превентивни мерки, ќе се контролира и отпадот од туристите низ паркинзите. 

Министерот, истакна дека се прави Се за да се спречи болеста во земјава, земајчи ги искуствата од државите каде веќе се појавила болеста.

Африканската свинска чума е сериозна закана за македонското свињарско производство.

И во соседна Србија е вклучен алармот за „Африканската чума“. И таму се превземаат  сите мерки за заштита.

Затегнати се царинските контроли и препорачани заштитни мерки на фарми и ловишта . Тамошните власти, велат дека туристи од државите во кои беснее ова животно заболување нема да можат да внесат во Србија ниту сендвич од свинско месо.

Главната препорака и совет е да се чуваат свињите  затворени во фармата, како и редовно да се дезинфицираат.

Веќе подолго време, оваа болест е регистрирана во Унгарија, Романија, Бугарија, земји поблиски до Македонија, но исто така „Африканската чума“ е регистирана и во Словачка, Белгија, Литванија, Летонија, Полска, Украјна и Молдавија.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот