05 Декември, 2025
0.0911

Македонија и Турција со заеднички сили до подобро земјоделство

Објавено во: Агробизнис 27 Јуни, 2013 19:24

Добивај вести на Viber

Продлабочување на соработката и потпишувањето  Меморандум за разбирање во областа на земјоделството беше причината поради која министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и замина во дводневна посета на Турција. Таму се сретна со својот колега, министерот Мехди Екер , а на состанокот во Анкара биле утврдени идните чекори заедничката соработка во областа на  земјоделството. Како што стои во соопштението на МЗШВ, Екер истакнал дека Балканот и балканските држави за Турција претставуваат порта кон Европа и оти потребно е да се зајакне соработката. „Со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање ќе се поттикнат сите области, односно потсектори во земјоделството, а со тоа ќе имаме и подобри резултати. Со овој договор ќе се формира Комитет за управување во земјоделството, кој во иднина редовно ќе се состанува за разгледување на моменталната состојба, како и носење на одлуки кои ќе се спроведуваат“, посочил Екер и најавил поддршката за Македонија и во иднина. Според турскиот министер, доказ за добрите односи меѓу земјите е тоа што лани меѓусебната трговска размена изнесува околу 378 милиони долари, а соработката во земјоделството 27 милиони долари. Како што се посоува во Меморандумот, Македонија и Турција ќе соработуваат во областа на растителното производство, производството и обработката на суров тутун во лист, сточарството, рибарството и аквакултурата, органското земјоделско производство, прехранбената индустрија, истражувањето, руралниот развој, шумарството, како и други области.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?