05 Декември, 2025
0.0661

Македонија има најевтини нафтени деривати во регионот!

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 16:46

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ги поевтини горивата за 4, 5 до 1, 5 денари од литар. Најупотребуваното гориво во Македонија, еуросупер од 98 октани по полноќ ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека еуросупер од 95 октани ќе чини 78,5 денари за литар. Дизелот ќе чини 72 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика ваквата одлука ја објаснија со поевтинувањето на нафтата на светските берзи за 4,93% за две недели. Утрешното намалување на цените нема многу да смени во поглед на споредбата меѓу Македонија и останатите земји. Неодамнешната анализа на ФАКТОР покажа дека во земјите од опкружувањето Грција има најскап бензин и дизел. Според податоците Еуросупер 95 во Грција се продава за 1,8 евра литар.  Оваа цена го става јужниот сосед на врвот на листата на земји од регионот со најскап бензин. Следна,  на листата е Словенија. Словенците плаќаат  1,5 евра за литар Еуросупер 95. Нешто пониска е цената во Србија , Црна Гора, Бугарија и Хрватска или 1,4 евра за литар Еуросупер 95.  Меѓу земјите со најниски цени на бензинот се Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија со 1,3 евра за литар.  Сепак најевтин бензин има во Косово каде за 1,2 евра може да се купи литар Еуросупер 95. Податоците покажуваат и дека најевтин дизел има во Македонија. Литар дизел во земјава се продава е 1,17 евра. Од регионот веднаш зад Македонија според цената на овој дериват е Косово. Таму  дизелот чини 1,2 евра. Следна на листата на земји од регионот со најевтин дизел е Босна и Херцеговина каде литар бензин се продава за 1,3 евра. Приближно толку чини во Бугарија , Албанија и Црна Гора и Хрватска. Од земјите во опкружувањето највисоки се цените на дизелот во Србија и Словенија , каде литар чини 1,4 евра. Дизелот е најскап е кај нашиот јужен сосед. Споредено со останатите земји, најскапи се нафтените деривати во Норвешка и Турција. Таму бензините надминуваат две евра за литар а дизелот стигнува до 1,9 евра за литар.Најевтини се нафтените деривати во Украина и Русија, каде се продаваат за нешто помалку од едно евро за литар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември