„Македонија лек“ се пријави на тендер за вакцини, но не и на оној за МПР

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2019 11:26
„Македонија лек“, компанијата која е под истрага по скандалот со декларациите на вакцините против морбили, перотит и рубеола, кои беа повлечени откако се најдоа погрешни декларации со поминат рок, ќе учествува на милионскиот тендер за набавка од страна на Министерство за здравство, објави Телма.,
На вчерашното отворање на постапката за набавка на вакцини од 10 милиони евра за вакцини за наредните две години се пријавиле вкупно пет оператори, а еден од нив е и „Македонија лек“.Преостанатите понуди се оние на Елбиор, д-р Пановски, Феникс фарма и Алкалоид конс.
Сепак „Македонија лек“ нема да учествува во набавката на МПР вакцините, каде што се пријавени единствено Феникс фарм и Алкалоид конс. Директорот на Бирото за лекови веќе најави дека по истрагата оваа компанија може да биде суспендирана на следниот распишан тендер.
Основното јавно обвинителство Скопје побара спорните вакцини да не се уништуваат, како што првично беше планирано, туку побара да му се достават, откако отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
На последниот тендер државата купи вакцини само од две фирми Македонија лек и Елбиор.
Можеби ќе ве интересира
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка
