20 Декември, 2025
0.0484

Македонија може да стане членка на НАТО во средината на 2020 година но има услов

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 06:20

Добивај вести на Viber

САД очекуваат Македонија да пристапи во НАТО во средината на 2020 година и дотогаш треба да биде целосно имплементиран договорот за промена на името со Грција, изјави заменикот државен секретар за Европа и Азија Метју Палмер во едно интервју за Ројтерс.

Договорот со Скопје за промена на името на земјата во Република Северна Македонија ја отстрани главната пречка за нејзиното пристапување во НАТО и во Европската унија, се додава во текстот.

„Не мислам дека има причина да не веруваме дека Северна Македонија може да стане 30-та членка на НАТО по 18 месеци“, изјави Палмер во интервју од босанската престолнина Сараево. „Тоа е сосема реален датум“, додал тој, изразувајќи задоволство од постигнатиот пробив во јуни меѓу Грција и Македонија и го нарече „најголем значителното позитивен развој“ во напорите на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ и НАТО.

Палмер истакна дека НАТО веќе испратило покана до Македонија за влез во Алијансата и процесот може да се развие брзо, ако договорот за промена на името биде вклучено целосно. Тој мора да биде ратификуван од страна на парламентите на Македонија и Грција.

Палмер, сепак, изрази загриженост од "малициозното влијание" на Русија, како во Македонија, така и во другите земји од Западен Балкан - Босна, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Тој ја обвини Русија дека се обидува да ги поткопа владите и институциите во напорите да запре напредокот на регионот кон интеграцијата во ЕУ и НАТО. Москва ги негираше ваквите обвинувања, а за возврат го обвини Западот дека интервенира во Западен Балкан.

„Русија нема право да одлучува што може или не може да прави Македонија во процесот на нејзината поврзаност кон европските и евроатланските институции“, изјави Палмер, имајќи ги предвид критиките на Русија кон македонската влада.

„Напорите за поткопување на изразената волја од македонскиот народ го дестабилизираат и му штетат на мирот и безбедноста во регионот“, додал тој.

Палмер кажа дека САД го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово, која доби независност по војната во периодот 1998-1999 година, и сакаат нивните претставници да се вратат на преговарачка маса.

„Договор меѓу Белград и Приштина би било голем чекор напред по договорот за промена на името на Македонија“, изјави Палмер и додаде дека Вашингтон се противат на царините од 100% наметнати минатиот месец од Косово врз српски и босански стоки.

Косово соопшти дека ќе ги задржи тарифите додека Белград не го признае како независна држава.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки