MAКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ТРГУВАЛА СО ГЕРМАНИЈА: Кои други земји се во првите пет?
Објавено во: Економија 09 Мај, 2025 19:08
Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу државата тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена.
Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4.701.140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период лани, а вредноста на увезената стока 2.772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика(ДЗС).
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




