Македонија нема традиција за револуционерни подвизи!
Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2013 08:20
Повеќе илјади лица протестираа во десетина градови низ Бугарија поради исклучително високите цени на електричната енергија во јануари. Во бугарскиот главен град Софија околу 3.000 лица излегоа пред парламентот и министерствата за економија и енергетика, извикувајќи „мафија“ и „поднесете оставки“. Протести се одржаа во десетина други градови, меѓу кои и Варна, на брегот на Црно Море, каде околу 5.000 лица демонстрираа пред зградата на електродистрибуција.
Демонстрантите тврдат дека сметките за струја ги надминуваат реалните цени за околу 120 проценти.
Словенците се организираа преку фејсбук
Околу 20 илјади луѓе протестираа неодамна пред парламентот на Словенија против Владата и политичките елити, што е досега најголем број учесници на протестен собир кои периодично се повторуваат во словенечките градови речиси три месеца. Претходно, околу 100.000 државни службеници излегоа на штрајк во знак на протест против строгите мерки за штедење, преземени од Владата. Не работеа ниту училиштата и градинките, а здравствените установи примаа само итни случаи. Штрајкуваа и пожарникари, општински службеници, полицијата и царината.
Аргентинско чудо
Аргентина пред десетина година минуваше низ најтешката криза во својата истроија. Луѓето демонстрираа на улиците со тенџериња и тави, протестираа против условите во земјата и против политичарите кои се одговорни за тешката состојба. Демонстрантите пееја: „Да ве нема“! Децата гладуваа, а имаше и судири, во кои животот го загубија 40 луѓе. Денес, Аргентиците имаат повеќе пари и трошат многу повеќе.
Мишко Иванов
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





