МАКЕДОНИЈА ИМА НОВА ТЕХНИЧКА ВЛАДА, ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРЕМИЕР: Пратениците гласаа со 65 „ЗА“ наспроти 3 кои беа против
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2024
Собранието со 65
гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат
Џафери. На седница присуствуваа 111 пратеници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се
воздржаа од гласање на техничката влада. Основна задача на преодната влада е
организирање фер и демократски парламентарни избори.
Премиерот Џафери и министрите дадоа свечени изјави по изгласувањето на Владата.
„За мене, како мандатар на оваа Влада, нема разлика дали станува збор за 1 или 100 дена, за техничка или преодна Влада. Јас, оваа должност, оваа доверба, чест и над сѐ, исклучително важна одговорност ја сфаќам и ќе ѝ пристапам онака како што сум постапувал во секоја етапа и при секој предизвик којшто се појавувал пред мене во мојот професионален и персонален живот. Сакам да ве уверам дека во ниту еден миг нема да дозволам да отстапиме од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности, дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во Република Северна Македонија“, истакна Џафери.
Во составот на преодната влада прв заменик - премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања да биде Бојан Маричиќ, додека Артан Груби - министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика.
На досегашните места остануваат Кренар Лога - министер за правда, Бујар Османи - министер за надворешни работи, Фатмир Бесими - министер за финансии, Крешник Бектеши - министер за економија, Љупчо Николовски - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити - министер за здравство, Јетон Шаќири - министер за озбразование, Ристо Пенов - министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура, Азир Алиу - министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски - министер за транспорт и врски, Каја Шукова - министерка за животна средина, Фатмир Битиќи - министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска - министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.
Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај. Две недели претходно ќе се одржат претседателските избори. Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.
Ова е трета преодна или техничка влада од 2016 година наваму. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, додека во 2020 година беше Оливер Спасовски.
фото: МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.