05 Декември, 2025
0.0615

Македонија продава бразилско месо како да е свое, Србија крева паника!

Објавено во: Агробизнис 21 Март, 2013 00:53

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Србија обвинува дека од Македонија во текот на минатата година во Србија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која што е генетски модифицирана.
Српските производители, поради скапиот процес на производство, не се конкурентни. Затоа се намалува и производството на животинско месо во земјата, кое што за три години е преполовено и моментално изнесува околу 100.000 тони годишно. Како последица на тоа, Србија увезува се поголеми количини на пилешко месо и преработени производи. Мирослав Благојевиќ, претставник на комората вели дека преработените производи се купуваат од Македонија, а во Србија, домашното производство не ги покрива ниту сопствените потреби. Минатата година во Србија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на месо, кое влегло од Македонија. Благојевиќ за српските медиуми изјавува дека во Македонија месото се увезува до Бразил, каде што пак живината се храни со соја која што е генетски модифицирана. Српските производители и преработувачи на месо потврдиле дека не користат увезено пилешко месо за своите производи, но сметаат дека македонските производители прават ујдурми. Македонците увезуваат месо од светот, но истото не би смееле да го извезуваат. Тоа никој не може да го контролира, а кај нас нема увозни царини и месото е поевтино. Народот е во криза па затоа одбира според сцената".

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?