05 Декември, 2025
0.0503

Македонија произведе дел за рускиот авион на 21-от век

Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 12:44

Добивај вести на Viber

Македонски Микросам е вест во руските медиуми откако Русите купија од оваа компанија машина за производство на авио делови за МС-21 или како што го нарекуваат- авионот на 21 век. Со оваа машина  се избегнува рачната работа во производството на опашката на авионот, односно целиот процес е автоматизиран со што се исклучува веројатноста од технички грешки предизвикани од човечка природа. Во извештаите се вели дека целосна проекција на машината, изработка на софтверот и обука на кадарот за ракување со машината се дел од обврските на Микросам кон компанијата „Технологија“. Овој тип на машина овозможува да се намали проблематичниот дел во изработка на композитни делови со површина со единечна и двојна закривеност со димензии од неколку квадратни сантиметри до делови со големи димензии, како и производство на делови со променлива дебелина во посебни зони. Веста дека специјалистите на македонската фирма Микросам ја извршија оваа тешка задача ја пренесе и руската телевизија Р24 во ТВ прилогот каде се потенцира дека поради големата специфичност и сложеност на софтверот, машината ја управуваат инжињерите на Микросам. Авионот на 21 век како што го нарекуваат МС - 21 ќе има капацитет од 150 - 212 патници, а првиот авион се очекува на пазарот во 2017 година. МС-21 според проценките ќе биде за 15% поефективен авион од Аирбус и Боинг, поради тоа што има 15% поголема предност во структурална тежинска ефикасност, 20% помали оперативни трошоци и за 15% ќе троши помалку гориво од останатите во негова класа авиони. Првичната проценка за цената на овој авион е 35 милиони американски долари. Оваа вест само го потвдрува вискиот рејтинг на македонската компанија и нејзината моќ во делот на композитини материјали и роботика на светско ниво.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката