Македонци произведуваат лешник за познатиот Нутела крем!!!
Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2013 08:31
Лешникот цвета доста рано напролет, пред да разлиста. Се сади во доцна есен односно од 20 ноември до 10 декември. Садникот е едногодишен и истиот треба да пророди после втората година откако е засаден , а од 3-4 година ќе почне да го зголемува капацитетот на раѓање. Лешникот се бере еднаш во годината во Септември или Октомври. Најважно при подигнувањето на насад со лешници е изборот на сортата. Упатените во бизнисот велат дека треба да се одбере сорта која што при одгледувањето ќе бара минимум трошоци и ќе е барана на светските пазари. Засега таква сорта е италјанската Тонда џентиле де ла ланге, која се користи за производство на светски познатиот крем Нутела. Отпорна е на зимски мразеви и е многу родна и погодна за производство на македонско тло. Оваа сорта ја произведува и Крстевски, кој вели дека за разлика од другите сорти кои треба рачно да се собираат за што е потрбна дополнителна работна сила, оваа сорта паѓа од дрвото со едно протресување.
-Имам склучено договор со загарантиран откуп во Италија за фабриката Фереро, бидејки од оваа сорта Тонда џентиле де ла ланге се произведува Нутела кремот. Откупната цена зависи од берзата, моменталната цена на лупениот лешник е 5 евра, а на нелупениот е 2,5 евра за килограм.
За почеток за една солидна заработувачка и рентабилно производство, секој почетник би требало да започне со околу 1.000 садници. Еве како изгледа математиката на Крстевски и зошто лешникот е исплалтлив агробизнис:
Кон крајот на минатиот месец земјоделците од источна Македонија се запознаа со проектот „Лешник во Македонија“ кој е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тогаш експертите од проектот посочија дека за помал насад и ако не се почнува од нула, инвестиција по хектар изнесува 2.500 евра, a се однесува за околу 50 садници за еден хектар површина, за што се потребни и 800 евра за обработка на почвата, сума која се рефундира преку субвенциите на Владата. Италијанските експерти кои беа повикани за проектот, им го објаснија на земјоделците начинот на производство на лешници и бенефитот, бидејќи потребите на кондиторската индустрија за овој производ растат секојдневно.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





