04 Декември, 2024
0.0277

Македонија во 2018 година ќе биде партнер на Интернационалниот саем за земјоделство и храна во Словенија

Објавено во: Агробизнис 26 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от Интернационален саем за земјоделство и храна „AGRA“, што секоја година се одржува во Горна Радгона, во Словенија. Годинава партнер на саемот беше Народната Република Кина. Поканата за партнерство, денеска на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, му ја врачи заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан.

Ова е голем успех за Македонија, ако се има во предвид дека се работи за еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат ресорните министри од земјите од Централна и Источна Европа. Ова година на саемот се претставуваат повеќе од 1.700 изложувачи од 30 држави во светот. За Република Македонија, е обезбеден промотивен простор на саемот од 9м2, на кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се претстави со органско земјоделско производство.

Во рамки на годинешниот саем, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, на која е договорена  помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Конкретно, министерот Жидан, порача дека Словенија ќе и помогне на Македонија во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така Словенија ќе помогне и во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период  ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.