06 Октомври, 2024
0.0263

„МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА“ промовирана во Тетово, се исполнуваат ли очекувањата?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во рамки на „Македонија вработува“ денес тетовчани имаа можности детално да се запознаат со условите кои ги нуди овој проект. Сите заинтересирани граѓани детални информации за функционирањето на проектот добија на на штандовите кои беа поставени на три локации . На граѓаните им беа презентирани мерките за ослободување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок на доход за компаниите кои ќе вработат лица од одредени категории. Според податоците на надлежните, Тетово е втор град во кој најмногу се реализирале вработувања од овој проект и преку мерката за вработување на млади лица до 29 години досега работа нашле 450 невработени тетовци, а работодавачите се задоволни од досеганите резултати. „МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА“: Какви ефекти може да се очекуваат од мерките за зголемување на вработеноста? Законските измени со кои компаниите ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси за вработување на лица од утврдените категории, се добри, но се носат во погрешно време и тешко дека може да се очекува посериозен ефект,смета Горан Рафајловски од „Рафајловски Консалтинг“. Според него овие мерки ќе делуваат малку, не затоа што не се добри, туку затоа што економските состојби во земјата и опкружувањето не се во добра состојба. „За некоја идеја да е успешна, треба да е погодено и времето. Ние имаме сериозни проблеми со свежи пари, со ликвидноста, со тековното одржување, и затоа многу малку компании ќе може да задржат ист број на вработени и плус да вработат нови, за кои ќе теба да обезбедат плати, иако ќе бидат ослободени од придонеси за нив. Затоа сметам дека нема да дадат посериозни резутат“, вели Рафајловски од Рафајловски Консалтинг. Од друга страна, Рафајловски посочува дека лошо е што овие мерки за ослободување од плаќање на социјални придонеси за вработување на лице согласно утврдени критериуми се врзуваат со редовно и навремено плаќање на даноците. „Односно, според законите, ако некоја фирма има нови вработени и исполнила услови да биде ослободена од  плаќање социјални придонеси неколку години, но при тоа се случи фирмата да задоцни неколку месеци со плаќање на данок, тогаш истата таа фирма, ќе треба да ги врати назад сите ослободувања за социјални придонеси што ги добила од државата. Државата може да бара од фирмата да ги врати парите што ги добила како ослободување за социјални придонеси за нововработените, но само ако истата фирма не платила придонеси за вработените, а не и ако задоцнила со плаќање на данок“, додава Рафајловски.

Ги исполнува ли очекувањата проектот „Македонија вработува“?

Речиси 1.216 лица се вработиле во првиот месец од спроведувањето на проектот информираше неодамна премиерот Груевски. - Проектот „Македонија вработува“ оди одлично. Со првиот месец вработени се 1.216 луѓе кои претходно биле невработени. Тоа е идентично како четири фабрики со по 300 и неколку луѓе или една голема од 1.216 луѓе. Се обидувам пластично да пренесам што значи за еден месец да бидат вработени 1.216 лица. Овој проект беше најавен во март , а на сила стапи во април. Премиерот искажа верување дека проектот ќе продолжи да се развива со исто темпо и се повеќе лица ќе се вработат. На почетокот експерти имаа негативно мислење за овој проект поради  економските состојби во земјата и опкружувањето не се во добра состојба.        

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта