МАКЕДОНИЈА: За Светска банка е топ реформатор, а инвеститорите се бројат на прсти!
Објавено во: Анализа 23 Октомври, 2012 19:03
„И во овие години на светска економска криза, инвеститорите се помалку склони да вложуваат. Ако се погледнат работите од тој аспект и ако се види колку инвестиции се реализирани во Македонија пред 2010-та, а колку само во периодот 2011-2012, јасно е дека има напредок. До пред 2-3 години кај нас имаше многу малку странски инвестиции. Овој период почна да работи Џонсон Мети, но стартуваа и инвестициите Кемет, Дрекслер и Маер, кои допрва ќе резултираат со зголемен извоз и подобрени производствени резултати“, изјави министерот за финасии, Зоран Ставрески.
Експертите, пак велат, дека оценките што ги дава Светска банка, се значајни, но не и клучни.
„За да се инвестира во една земја претпоставка е да се има и добра и здрава инвестициска клима, која во овој момент е нарушена од повеќе аспекти. Нарушени политички и меѓуетнички односи, несигурност и неизвесност за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, се уште изразена коруптивност, правна несигурност“ се дел од проблемите што ја следат Македонија велат експертите.
Лани на 22-ро место, годинава малку послабо!
Македонија минатата година на оваа листа беше рангирана на 22 место, годинава напредоко е констатиран единствено во делот започнување на бизнис, преку поедноставени процедури, додека кај останатите критериуми не е забележан ниту напредок, ниту назадување.
- Независно од забележаните подобрувања, има простор за натамошен напредок во секоја од спомнатите области, приклучокот за електрична енергија, добивањето на дозволите. Владата уште утре ќе продолжи со работа, ќе ги анализира искуствата на земјите што се пред нас за да видиме каде нешто може да се подобри, да се имплементира тука“, изјави министерот за финасии, Зоран Ставрески.
И.М.
ТАБЕЛА
РАНКИНГ НА ДУИНГ БИЗНИС
- 1.СИНГАПУР
- 2. ХОНГКОНГ
- 3. НОВ ЗЕЛАНД
- 4. САД
- 5. ДАНСКА
- ---
- 23. МАКЕДОНИЈА
- 24. ЈАПОНИЈА
- 35. СЛОВЕНИЈА
- ---
- 51. ЦРНА ГОРА
- 66. БУГАРИЈА
- 71. ТУРЦИЈА
- ---
- 84. ХРВАТСКА
- 85. АЛБАНИЈА
- 86. СРБИЈА
- 98. КОСОВО
- 126. БИХ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





