17 Јануари, 2025
0.1325

МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА БЕЗ МУЗИКА: Северина ечи на радио станици, уште два дена СТОП и за нејзината музика!

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кој би рекол дека во 21-век некој ќе ти забрани да слушаш одреден вид музика?

Токму со ова прашање Македонија се прослави уште еднаш во регионот кога забрани емитување на српска музика и македонска музика на тв екраните и радио станиците.

Вчера СТОП за музката на Северина стигна и од Хрватска.

Управниот одбор на хрватското Здружение за заштита на авторски права одлучи да се забрани користење на хрватски музички репертоар на сите радио и тв станици на територијата на Македонија.

„Одблизу ги следиме настаните во вашата земја и сакаме да ја изразиме нашата загриженост поради тоа што авторските права во Македонија во континуитет се изложени на ризик, со шетни последици на авторската заштита и вредност на музички дела на сите автори, домашни и странски“, се наведува во соопштението.

Здружението за заштита на авторски и музички парава во Македонија, како организација која е овластена да ги преземе сите неопходни мерки за спроведување на забрана и заштита на правата на членовите на хрватското Здружение за заштита на авторски права, а врз основа на меѓусебен договор за реципроцитет, соопшти дека забраната почнува од понеделник 17 октомври.

Македонското здружение од 1 октомври , на барање на Организацијата музички автори на Србија (СОКОЈ), забрани јавно емитување на музика од репертоарот на ова здружение на сите радио и тв станици на територија на Македонија.

Во Македонија на 20 септември стапи на сила забраната за јавно емитување на музика која е заштитена со авторските права на македонското Здружение за заштита на авторски и музички права ЗАМП.

Каде е проблемот?

ЗАМП прстот за вина го покажа кон надлежните. Велат дека авторските надоместоци се обезвреднети со предлог Тарифникот од страна на СОКОМ МАП.

Најмногу го обвинуваат Министерството за култура кое, велат требало да пресече кое здружение ќе ја има дозволата за наплата и распределба на авторските права.

Колку оваа забрана ја погоди публиката и самите музичари?

И покрај забраната дел од скопските радио станици емитуваат македонска, но и српска музика. Ако пуштите во моментов ЗОНА М1 радио ќе слушнете како ечи српска музика, но и македонска.

Дел од авторите пак кои се противат на одлуката за забрана од ЗАМП велат дека можат да се изземат од забраната од колективно управување со писмена изјава заведена кај нотар.

Дарко Гелев Брејк во неодамнешното интервју на Фактор посочи дека Здружението на приватните медиуми на РМ, во неколку наврати барало да се обезбедат нормални услови за работа на медиумите, но, без заеднички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати, тешко ќе биде да се стаса до решение. 

Ранко Бубамара пак на духовит начин реагира на забраната за емитување на македонска и српска музика.

- До пред некое време, кога ќе ни дојдеа  гости и уметници од друга земја со голем восхит знаеја да кажат „во Македонија ако пееш ќе те натпеаат, а ако играш ќе те надиграат“ - за жал дојде време кога не може да слушнеш некој да пее, а ниту да видиш некој да игра - ни остана само да си по - ЌУТИМЕ.

Тој смета дека проблемот ќе се реши доколку „Едните треба да бараат помалце , другите да даваат повеќе , а третите да се потрудат - животот да ни биде песна, убава и лесна“.

ЗАМП ОДИ НА СУД

Одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на македонска музика е оспорена пред Управниот суд. Иницијативата за оспорување ја поднеле повеќе национални радиодифузери кои очекуваат наскоро забраната да биде прогласена за бесправна. 

Дел од телевизиите наскоро ќе покрнат иницијатива за промена на начинот на наплата за надоместокот за музичките дела. Преку кампања “Европо разбуди се“ раководствата на ТВ-станиците и радијата ќе бараат во Европа да се прави наплата како во САД, преку компјутерска евиденција според емитувањата.

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот