14 Мај, 2024
0.0326

„Македонијатурист“ има бизнис план или список со желби?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

„Македонијатурист“ сака по пет години да ја прекине серијата на континуирано губење на пазарното учество. Во нивниот бизнис план за 2018 година планираат раст на приходите од 8 отсто и раст на добивката од редовно работење за 14 отсто. Реално ли е ова, во услови на голема конкуренција?

„Македонијатурист“ најголемата домашна хотелиерско-угостителска компанија планира оваа година да прекине трендот на пад на приходи, покажуваат официјалната антиципација на менаџментот на таа компанија преточена во нивниот бизнис план за 2018 година, објавена на интернет страницата на Македонската берза.

Реално ли е во постоечкото конкурентно опкружување „Македонијатурист“ да очекува да ги зголеми своите приходи?

„Македонијатурист“ во строгиот центар на Скопје оперира со 3 хотели од кои два се со висока категоризација, а во поширокиот центар на градот има уште два (Карпош и Водно), а има еден на автопатот Скопје – Куманово, тоа е хотелот „Белви“: Два хотели на компанијата не работат, а и двата се во строгиот центар на градот. Може ли „Македонијатурист“ да ги зголеми приходите кога во секој сегмент има силна конкуренција? Ова е прашање кое си го поставуваат инвеститорите на берза.  Во последните пет години од 2013 до 2017 година приходите на компанијата бележат континуиран пад. Последната споредба што ја правевме се однесува на првите девет месеци на годишно ниво и резултатите се овие: во 2013 година приходот од продажба на домашниот пазар е 307 милиони денари (речиси 5 милиони евра), а лани до крај на септември приходот од продажба е 226,9 милиони денари. Во секоја од годините помеѓу овие две приходите бележат намалувања.

Доколку ги погледнете податоците дадени на интернет страницата на берзата за „Македонијатурист“ воочливо е дека компанијата има пад на приходите од редовни активности и на оперативната добивка за годините: 2014, 2015 и 2016. Сличен резултат се очекува и за 2017 година. Во структурата на приходи кои влијаат врз добивката на компанијата сепозначајно место заземаат финансиските приходи од камати и дивиденди кои „Македонијатурист“ го остварува од својата нераспределена добивка.

Во бизнис планот нема конкректни наводи и факти кои ќе влеат оптимизам и разумно уверување кај инвеститорите да вложат во неа или да не ја продадат таа акција. Со сувопарните фрази дадени во бизнис планот растот на приходите и добивката за 2018 година личат само на пуста желба.

Во оваа компанија акционери, покрај две физички лица кои се најголеми акционери, значајни се и институционалните инвеститори кои се најголеми во земјава односно друштвата кои управуваат со пензиски фондови. Четирите фондови со кои управуваат двете друштва имаат заедно 12,6 отсто од сите акции со право на глас во „Македонијатурист“ за кои платиле над 212 милиони денари. Дали тие ќе толерираат пад на пазарната позиција на „Македонијатурист“ и во иднина?

Повеќе за „Македонијатурист“ на следниве линкови http://faktor.mk/zoshto-makedonijaturist-ja-prepolovi-operativnata-dobivka-za-pet-godini  и

Кои се омилени акции во кои вложуваат приватните пензиски фондови?

 Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција