МАКЕДОНИЈАТУРИСТ ИМА ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ПРИХОДИТЕ
Објавено во: Финансии 18 Август, 2017 08:33
Најголемата хотелиерска компанија во првите шест месеци годинава има пад на оперативната добивка од 61 отсто и таа изнесува само 17,2 милиони денари. Приходот од продажба за првата половина од годинава изнесува 125,7 милиони денари и во споредба со истиот период лани е помал за 22 отсто односно за 35 милиони денари, ова се најважните параметри од полугодишниот финансиски извештај на „Македонијатурист“.
Споредбата на податоците по години исто така покажува дека „Македонијатурист“ го губи своето пазарно учество. Лани разликата во приходи од продажба меѓу првиот и вториот квартал била 96 милиони денари во корист на периодот април-јуни 2016 година. Годинава разликата меѓу првиот и вториот квартал е 80 милиони денари во корист на вториот квартал. Овој податок покажува пад на пазарното учество од 16 милиони денари во споредба со лани, во основната дејност на друштвото тоа е хотелиерство и угостителство.
Работи ли компанијата? Финансиските приходи се поголеми од оперативната добивка!
„Македонијатурист“ заличува на финансиска институција. Од менаџирањето со нејзините средства годинава за првите шест месеци има финансиски приходи од 28,9 милиони денари. Тие се за 13 отсто повисоки од лани. Според паричниот тек во структурата на финансиски приходи приносот од камати учествува со 21,14 милиони денари и е за 21 отсто поголем од лани. Приносот од дивиденди изнесува 7,85 милиони денари и е поголем за 20 отсто од однос на лани. Вкупно од двете ставки компанијата има принос од 29 милиони денари. Во паричниот тек пишува дека во хартии од вредност или заеднички вложувања компанијата инвестирала 2,2 милиони евра во првите шест месеци годинава. Во билансот на состојба пишува дека нејзините краткорочни вложувања надминаа 20 милиони евра и во споредба со лани се поголеми за 12 отсто! Зошто „Македонијатурист“ дојде во ситуација во која нејзините финансиски приходи се безмалку двојно поголеми од нејзината оперативна добивка?
Зошто акцијата на „Македонијатурист“ расте кога паѓа нејзиното пазарно учество и добивката?
Во периодот од 19 јули до сега акцијата на „Македонијатурист“ порасна значајно од 3.800 денари до 4.600 денари. Во овој период истргувани се 8.450 акции со право на глас. А само во еден ден на 19 јули се истргувани 7.055 акции по цена од 3.800 денари за акција. Од тогаш наваму цената на акцијата порасна за 700 денари со истргувани 1.350 акции. Која е логиката да расте цената на таа акција во услови кога нејзиниот основен бизнис покажува надолна тенденција? Особено кога прашање е дали менаџментот може да покаже флексибилност со оглед на структурата и годините? Си знаат купувачите. Можно е тоа што „Македонијатурист“ има 20 милиони евра во краткорочни вложувања.
Хотелиерскиот гигант дојде во ситуација за пола година да не може да направи оперативна добивка од 300.000 евра што е 61 отсто послабо од лани, а приходите од продажба да му паднат за 22 отсто. Нормално ли е тоа финансиските приходи на „Македонијатурист“ да бидат главен генератор за нето добивката и да се речиси двојно поголеми од оперативната добивка? До кога менаџментот ќе се правда со нелојалната конкуренција и која е таа, се дел од прашањата на кои треба компанијата да најде одговор.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





