29 Септември, 2024
0.0254

„Македонија турист“ прави профит од 4.040 евра просечно дневно

Објавено во: Економија 13 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

За првите три месеци профитот е 33 отсто од приходите од продажба „Македонијатурист“ оствари профит од 22,4 милиони денари во првиот квартал годинава, покажуваат официјалните податоци од билансот за успех што ги објави таа компанија. Во споредба со истиот период лани добивката е повисока за 32 отсто, а најголемата скопска угостителско-хотелиерска компанија бележи и порас на приходите од продажба за 12 отсто. „Македонијатурист“ во првиот квартал лани имаше најлош финансиски резултат во низа од 2010 година. Воедно годинава, за првите три месеци, таа компанија ја прекина негативната серија од четири години од 2010 до 2014 година во која бележеше постојан пад на приходите од продажба. Сега за периодот јануари-март „Македонијатурист“ оствари приход од продажба во износ од 68,1 милиони денари (над 1,1 милиони евра) и тоа е повисок приход за 7,1 милиони денари односно 12 отсто во однос на реализацијата од минатата година. maktur Оперативните расходи на хотелско-угостителската компанија изнесуваат 56,85 милиони денари и се на исто ниво од истиот период лани, додека приходите од продажба пораснале за 12 отсто. Овој параметар укажува на заклучок дека компанијата ги зголемила бројот на ноќевања и се зголемила искористеноста на сместувачко-угостителските капацитети во однос на истиот период лани. Оперативната добивка изнесува 15,3 милиони денари. На тоа се додадаваат и финансиските приходи на оваа компанија, позната по тоа што поседува значајни количества ликвидни средства во деловни банки во земјава, кои за првите три месеци изнесуваат 9,9 милиони денари и се за 2,3 милиони денари пониски од лани. Од оперативната добивка и од финансиските приходи компанијата достигна до финансиски резултат од 22,4 милиони денари добивка за првиот квартал годинава што е зголемување на нето добивката за 5 милиони денари или 32 отсто во споредба со истиот интервал лани. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија