„Македониумот е уникатен архитектонски и уметнички објкет, создаден со бетон“: Митева најави реконструкција со експертиза од странство
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2025 14:05
Споменикот „Македониум“ во Крушево нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава, најави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа соопшти дека е обезбеден проект за интервентна заштита за споменикот во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс. Тој проект ќе биде финализиран до средината на следната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирањето и целосната реконструкција. Дел од експертизата ќе биде од странство.
Митева оцени дека сегашната состојба на овој споменик не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.
- Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес, цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен културен споменик, рече Митева.
Истакна дека свесни за културната и националната важност на „Македониумот“ нема да бараат оправдувања и оти ќе ја исправат состојбата со конкретни и одговорни чекори.
- „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објкет, создаден со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност, поради што, дел од експертизата ќе биде од странство, како што рече за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено. Македониумот нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава. Овој споменик не само културна вредност, туку е дел од нашата национална меморија, идентитет и како таков ќе биде пренесен на идните генерации, рече Митева.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




