Македонска берза го прекина тргувањето
Објавено во: Економија 16 Март, 2020 11:21
Македонската берза го стопираше тргувањето. Во рок од еден час нема да има никакви трансакции на пазарот.
Прекинот е извршен во 10,25 часот што значи на Берзата нема да се тргува до 11,25ч.
Моменто не се примаат никакви налози а запирањето е поради измената на Правилата за тргување кои денеска ги усвои Македонска берза.
Според новите правила, односно измените во член 58 доколку до 11,45ч се случи пад или раст на цените на акциите од над 7 проценти берзата ќе се затвори за еден час.
Ако падот или растот се случи после 11,45ч Берзата се затвора во рок од траење од половина час.
„Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност. Одлуката стапува во сила и се применува од 16.03.2020 година. Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Берзата, во делот Регулатива/Правила за тргување“ , стои во официјалното соопштение на берзата објавено на нивниот сајт.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





