06 Октомври, 2024
0.0273

Македонска министерка стана член на Европскиот совет за надворешни работи

Објавено во: Македонија 01 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска доби покана да се приклучи кон Европскиот совет за надворешни работи. Овој совет е една од највлијателните паневропски тинк-тенк организации со мисија за поттикнување на кохерентна и ефикасна надворешна политика базирана на европски вредности.

Радмила Шекеринска е првиот политичар од Македонија поканет да се приклучи кон овој совет, соопшти Министерството за одбрана.

Поканата ја упати тричлената група ко-претседавачи со бордот на Советот, предводена од Карл Билт, поранешен шведски премиер и еден од политичарите што одигра голема улога во смирување на балканските конфликти по распадот на СФРЈ од позиција на специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија и специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за Балканот.

Шекеринска упати писмо до копретседавачите со кое ја прифаќа поканата и се заблагодарува на укажаната чест и ја потенцира важната улога на Европскиот совет за надворешни работи како корисна платформа за непосредна комуникација на лидерите. 

„Основната цел и мисија на мојата кариера отсекогаш била да ги доближам европските идеали до Македонија, но и да ја доближам Македонија до Европа. Верувам дека Вашиот еминентен Совет претставува исклучителна прилика за мене да продолжам да дејствувам во истата насока. Со задоволство ја прифаќам привилегијата да станам членка на советот на Европскиот советот за надворешни работи“, наведува министерката Шекеринска во писмото.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил