Македонска пошта: Додека се бара купувач, либерализацијата на пазарот одложена
Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020
Во Собранието е доставен предлог за измена на Законот за поштенските услуги со кој се врши одложување на рокот за либерализација на поштенските услуги до 2022. Тоа значи дека АД Македонски пошти останува заштитен монопол кога станува збор за лесните пратки, додека приватните поштенски оператори, кои на пазарот може да работат поефикасно, мора да наплатуваат два и пол пати повисока цена.
„АД Пошти на Република Северна Македонија се одликува со постоење на “гломазен“ систем кој го оневозможува и успорува долгиот и скап процес на реорганизација, и тоа во насока на унапредување на работењето, соодветно справување со конкуренцијата и нејзино полесно адаптирање кон работењето согласно сите правила за претприемништво и работа во услови на слободна пазарна економија“, се вели во предлогот кој пристигна во Собранието.
Ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама (какви што се најчесто сметките од јавните претпријатија) е воспоставен со закон во корист на АД Пошта на Северна Македонија, која за истата услуга има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. Оваа единечна цена за обично писмо на националниот давател на универзална услуга е најниска на домашниот поштенски пазар.
Другите лиценцирани даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари,според моменталните цени кои се во примена од 1 март 2020. Целосна либерализација на поштенскиот пазар, процес што беше планиран за почетокот на следната година, е одложуван шест пати досега.
Инаку како што веќе објави Владата во наредниот период во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство.
За сиот процес биле задолжени вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Ристеми.
„Да иницираат подготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ, соопштија од Владата.
Инаку Пошта е во незавидна ситуација особено сега и поради затворањето на Еуростандард банка. Друштвото тоне и генерира загуби. Ејуп Рустеми, првиот човек на компанијата за Фактор тврдеше дека вработените земаат редовни плати. Сепак, вели оти со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај.
А.К.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.