28 Март, 2020
0.0283

Македонска приказна како од Силиконската долина: Кодвел поместува граници во вештачката интелигенција

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2020

Импресивни, мотивираат, поместуваат од тло. Приказната на македонската компанија Кодвел (CodeWell) навистина е претприемачка приказна од Силиконската долина, со тоа што не се случува во Сан Франциско туку во Скопје. Така вели и Нино Карас, еден од основачите на компанијата. Самиот е млад, амбициозен, инспиративен. Има идеи и ги спроведува. Како малкумина во земјава. А се почнало во 2011 година кога Нино имал само 20 години. Ја основал компанијата Кодвел со негов колега од Институтот за информатика на Природноматематичкиот факултет. Во тоа време и двајцата немале бизнис искуство, ниту пак почетна инвестиција – само два лаптопи и визија за светски продукт.

Пoчетокот впрочем е во време кога се појавија првите Андроид телефони во Македонија – па како што вели Нино Карас од забава и интерес сакајќи да креираат нешто ново направиле апликација која овозможувала offline навигација за јавниот градски превоз во Скопје. Апликацијата решавала секојдневен проблем за голем број на луѓе и станала многу користена за кратко време. И тогаш – вели Карас, со Мартин сфатиле дека имаат заедничка визија, па ја основале и Кодвел.


„Кога почнувавме во нашата земја не постоеше стартап екосистем, немаше извори за финансирање на стартап компании, бизнис акцелератори, ниту пак успешни или неуспешни стартап компании од чие искуство можевме да учиме. Поради тоа, на нашиот пат да креираме светски продукт моравме да се соочиме со многу предизвици и да бидеме први во многу работи. На почетокот немавме никакво бизнис знаење, па моравме да бидеме упорни, да импровизираме и правиме многу работи притоа учејќи како се прават. Од учење за основите на бизнисот и финансиите, вработување и менаџирање со луѓе, развој на бизнисот, добивање инвестиции и продажба, до предизвици од типот на стекнување големи интернационални клиенти кога си млада компанија од мала држава како нашата, вели Карас.

Но, успесите кога визијата е јасна секако се нижеле. Навистина импресионираат сите проекти на овие млади луѓе. Го креирале еден од првите македонски стартапи кој беше откупен од голема корпорација. Станува збор за  AvtoBusko кој подоцна беше откупен од T-Mobile. Но тие се и  првиот македонски стартап MarkO кој беше дел од врвниот европски акцелератор Rockstart Accelerator од Амстердам. Тие се македонска компанија која доби Venture Capital инвестиција како и првата европска компанија која ја освои престижната Product Hunt Product of the Year награда во Силиконската долина за стартапот Letz.


Во моментот Кодвел работи на три нови производи, за кои се надеваат дека ќе бидат и светски препознаени. Тие навистина имплементираат новитети во полето на вештачката интелегенција непознати досега.

„Фокусирани сме на продуктот CodeWell AI (www.codewell.ai) кој овозможува креирање на дигитални асистенти базирани на вештачка интелигенција кои можат да зборуваат било кој светски јазик на ниво на човек, и им овозможуваат на компаниите да автоматизираат цели оддели за поддршка на корисници и продажба. Работиме и на Donna HR -  дигитален асистент за човечки ресурси кој има за цел да го промени начинот на кој ITкомпаниите ги мерат перформансите на своите вработени, но и на ReadSpace (www.readspace.tech) – целосен дигитален екосистем за промовирање, продажба и конзумирање на печатени и електронски книги, вели Карас.


Ако и овие се во рангот на претходните, успехот секако е гарантиран, иако самите се и многу повеќе. Во овие девет години всушност CodeWell креираа 100 продукти, сите за моќни светски брендови како Sony Music Entertainment, T-Mobile, Holland Casino, A1 Telecom Austria.

Впрочем и повеќето од нивните клиенти се интернационални компании, од сите континети. Од минатата година компанијата го зацврсти присуството во Скандинавскиот регион со отворање на CodeWell Scandinavia,со канцеларии во Осло, Норвешка.

Секако Кодвел се позиционира и на домашниот пазар, а Карас вели дека сакаат во иднина нивните продукти д астанат подостапни и за домашните компании. Инаку првата имплементација на CodeWell е Славчо, асистентот на А1 Македонија, кој е достапен на sakamtelefon.mk и им помага на корисниците во процесот на купување нов телефон.


Компанијата е еден од најуспешните корисници на финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

„Продуктите на кои работиме се длабоко-технолошки продукти кои вообичаено инволвираат долг и сериозен процес на истражување и развој, за кои е потребно многу време и ресурси. Благодарни сме на Фондот за Иновации и Технолошки развој за довербата која ја имаат во нас, бидејќи два од нашите три продукти на кои моментално работиме се заедничка инвестиција со Фондот. Без нивната поддршка немаше да ги имаме потребните ресурси за реализација на сите проекти на кои моментално работиме, вели Карас.

Смета дека е добро што со ваква поддршка се отворија неколку бизнис акцелератори, се воведоа извори за почетно финансирање на стартап компании, но и посериозни инвестиции за комерцијализација на технолошки продукти.

Кодвел нема да застане, а тоа е сигурно ако ентузијазмот на овие млади луѓе е критериум. 

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

МУКАЕТОВ: ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - лекови и дезинфициенси ќе има, државата што побргу да побара пари

МУКАЕТОВ: ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - лекови и дезинфициенси ќе има, државата што побргу да побара пари

МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бараме платите, здравственото и пензиско осигурување да бидат на товар на државата

МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бараме платите, здравственото и пензиско осигурување да бидат на товар на државата

ОГРОМНИ ШТЕТИ: Коронавирусот економски ќе загрози најмалку 25 милиони луѓе

ОГРОМНИ ШТЕТИ: Коронавирусот економски ќе загрози најмалку 25 милиони луѓе

ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски

ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски

ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ: Земјите од регионот и ЕУ договорија олеснување на трговијата на примарни производи

ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ: Земјите од регионот и ЕУ договорија олеснување на трговијата на примарни производи

РАБОТА ВО ФАБРИКИТЕ ЗА ВИКЕНД: Работниците ќе одат со посебни дозволи

РАБОТА ВО ФАБРИКИТЕ ЗА ВИКЕНД: Работниците ќе одат со посебни дозволи

Комерцијална банка го откажа собранието, ама мнозинството акционери веќе ги поддржале одлуките

Комерцијална банка го откажа собранието, ама мнозинството акционери веќе ги поддржале одлуките

БИЗНИСОТ ПРАШУВА: Како викендов ќе работат компаниите што имаат втора смена

БИЗНИСОТ ПРАШУВА: Како викендов ќе работат компаниите што имаат втора смена

ТИРЗ по текстот на „Фактор“: Дура Аутомотив прво ќе инвестира, па потоа ќе ја добие помошта

ТИРЗ по текстот на „Фактор“: Дура Аутомотив прво ќе инвестира, па потоа ќе ја добие помошта