05 Декември, 2025
0.0337

Македонска банка за поддршка на развојот: Поволни кредити за земјоделските бизниси

Објавено во: Агробизнис 26 Ноември, 2012 10:20

Добивај вести на Viber

Девет компании од земјоделскиот сектор имаат искористено 2,8 милиони евра од поволниот кредит што го пласира Македонската банка за поддршка на развојот, а од банката информираат дека во фаза на одобрување се уште четири барања во вкупен износ од 800.000 евра. Кредитната линија е достапна од јули и е наменета за претпријатија кои се занимаваат со производство, откуп и пласман на земјоделски производи. Каматната стапка е само три проценти, рок на отплата од пет години и грејс-период од една година. Овие 11 милиони, заедно со кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, се директна поддршка на стопанството во услови на нарушена ликвидност и зголемени проблеми поради европската должничка криза, а имаат за цел подобрување и развој на производните и конкурентските способности на малите и средни претпријатија. Како што стои во соопштението, преку поддршката на компаниите во овој сектор, индирекно се поддржуваат и земјоделците кои треба навреме да земат пари за откупените производи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?