05 Декември, 2025
0.0318

Македонската бирократија остана со куси ракави!

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2012 09:55

Добивај вести на Viber

И дефинитивно администрацијата во земјава годинава нема да го добие ветеното и најавено зголемување на платите за 5 отсто. Собраниското мнозинство ги изгласа измените на Законот за исплата на платите, со кои зголемувањето се одложува за една година. Законот се носеше по скратена постапка и предизвика жестока собраниска дебата на релација власт-опозиција. Пратениците од СДСМ обвинија дека со ова четврто одложување на покачувањето на платите, власта манипулира. “Владата четврти пат го одложува покачувањето на вработените во јавната администрација со образложение дека во услови на економска криза не може да се зголемат платите. До годинава требаше покачувањето да биде 10 проценти како што најавуваше Владата “ - рече Маријанчо Николов од СДСМ и праша дали ќе нема петто одложување на платите во јавната администрација.

Пратениците од владеачкото мнозинство измените на Законот за исплата на плати, ги бранеа со европската криза.

“Наместо да критикувате ред е да кажете дека откако е оваа влада на власт имаше покачување на платите. Просечната нето плата во Македонија е зголемена за 61 процент, нето платата во 2006 година изнесуваше 12.600 денари, а во 2010 година достигна 20.303 денари. Платите во јавниот сектор во 2007 и 2008 година беа зголемени 10 отсто“ – рече Ѓорѓи Коџобашиев, додавајќи дека Владата ќе продолжи со покачување на платите на граѓаните.

На повисоки плати, админитративците ќе може да се надеваат во декември 2013 та година. Премерот Никола Груевски неодамна порача дека во време на криза нема да има откази во јавната администрација.

„Многу е веројатно дека Македонија во 2013-та година ќе биде единствена или една од ретките земји во Европа која во вакви услови ќе изнајде начин да ги зголеми пензиите на пензионерите и социјалните надоместоци на лицата приматели на социјални помошти “ – изјави  премиерот. Засега нема отстапка од најавата за мартовско зголемување на пензиите за 5% и уште дополнителни 2% поради порамнување со стапката на инфлација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември