Македонската црква не сака промена на името на државата
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2018 08:54
Македонската православна црква - Охридска архиепископија на редовното годишно заседание на Архиепископскиот црковно-народен собор ја потврди својата позиција за непроменување на името на МПЦ и државата.
„Македонската православна црква е историска и правна наследничка на Охридската архиепископија на Јустинијана Прима, има достоинство на архиепископија и се вика Македонска православна црква - Охридска архиепископија, а во комуникацијата е Македонска православна црква“, изјави митрополитот Тимотеј.
Тој додаде дека членовите на соборот сложно праќаат апел за национално единство.„Испраќаме искрени молитви повик до сите политички субјекти во земјата за одговорно однесување во овој исклучително сложен и полн со предизвици период за нашата татковина со препорака да користат сите свои сили за зачувување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско“ , прецизира владиката.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




