20 Декември, 2025
0.0450

Македонската и бугарската влада ќе реферираат: Во кои учебници ќе има промени?

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 14:39

Добивај вести на Viber

Во декември македонската и бугарската Влада ќе имаат седница во Бугарија, на која заедничката Kомисија ќе реферира за нејзините активности, информираше денеска на собраниска седница премиерот Зоран Заев. Премиерот потврди дека членовите на комисијата разговараат и за промена во учебниците, но не прецизираше за кои учебници станува збор, посочувајќи дека тоа се прави во духот на пријателството и оти штом ќе има резултати, Парламентот и јавноста ќе бидат информирани.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница постави прашање кои учебници ќе се менуваат повикувајќи се на информација објавена во медиумите.

– Точно е дел од комисиите разговараат и за дел од учебниците, но веднаш штом ќе има нешто што биде договорено пред институциите на системот тоа ќе се сподели и ќе се соопшти во јавноста. Се зборува за одредени работи што стојат во учебниците… бугарски фашистички куршум… што не се во духот на пријателството. Би сакал да испратам сериозна порака дека она што ќе се случува со промена на учебниците во Македонија и во Бугарија, или, и во Македонија и во Грција, ќе биде во духот на градење на идно и трајно пријателство. Нема да биде во духот на нешто што дефинитивно ќе биде незгодно, чуствително или слично. Оттука некоректно е да се бара кои се тие 30 учебници, дали се предвидени средства за овие работи, кои се промените и слично, рече премиерот.

Заев очекува, според информација од Министерството за надворешни работи, на следната заедничка владина седница меѓу Македонија и Бугарија членовите на заедничката Комисија да реферираат пред двете влади за тоа до каде се стигнати, колкав напредок е направен и кои се нивните очекувања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки