06 Октомври, 2024
0.0263

Македонската Комисија за заштита на конкуренцијата го одобри спојувањето на Вип оператор и ОНЕ

Објавено во: Економија 08 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Телеком Австрија Групацијата објавува дека Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија го одобри спојувањето на македонската подружница на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор со подружницата на Телеком Словеније, ОНЕ. Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување на услуги на нови виртуелни мрежни оператори од страна на новоформираниот субјект. Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година. Телеком Австрија и Телеком Словеније се убедени дека предложените обврски  обезбедуваат добра основа за успешен влез на пазарот на нови учесници кои ќе бидат во можност да комбинираат мобилни и ТВ понуди за да се создадат конвергентни пакети. Со тоа ќе се овозможи конкуренција во поглед на цената и производите на сите засегнати пазари. Покрај тоа, споениот субјект one.Vip ќе прерасне во компанија со доволен обем и капацитет за подобро да инвестира и да се натпреварува во поглед на цена, квалитет и иновации. Ова ќе овозможи најдобри искуства за потрошувачите и бизнисите. Според тоа, ние силно веруваме дека спојувањето ќе биде од корист и за конкуренцијата и за македонските корисници и ќе го промовира one.Vip како доверлив партнер на македонската економија и општество. На 22. октомври 2014 година, Телеком Австрија Групацијата објави дека е постигнат договор со Телеком Словеније Груп да се спојат нивните подружници Вип оператор и ОНЕ кои работат во Република Македонија. Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија, додека Телеком Словеније Груп ќе поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на Телеком Словеније Груп од заедничката инвестиција во рок од три години од завршувањето на спојувањето. ОНЕ е трет по големина мобилен оператор во Република Македонија со удел на пазарот на мобилна телефонија од 25,4% во четвртиот квартал од 2014 година (процена на Телеком Австрија Групацијата) и вкупна база од околу 715,000 корисници заклучно со 31. декември 2014 година. Во 2014 година, ОНЕ оствари приходи од приближно 75,7 милиони евра и ЕБИТДА од приближно 10,6 милиони евра. Телеком Австрија Групацијата, која котира на виенската берза, е водечка телекомуникациска компанија во Централна и Источна Европа со речиси 23 милиони корисници на пазарите на кои е присутна. Групацијата во моментов е присутна во осум земји: Австрија (А1), Бугарија (Мобител), Белорусија (Велком), Хрватска (Випнет), Словенија (Си.мобил), Србија (Вип мобил), Македонија (Вип оператор) и Лихтенштајн (Телеком Лихтенштајн). Вкупниот пазар во осумте земји брои околу 41 милион жители. Заклучно со 22. април 2015, Групацијата вработува околу 16.000 лица. На крајот од 2014 година приходите на Групацијата изнесуваа околу 4 милијарди евра. Портфолиото на Телеком Австрија Групацијата вклучува производи и услуги од говорната телефонија, широкопојасен интернет, мултимедијални услуги, податоци и информатички решенија, големопродажба, како и платежни решенија.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта