05 Декември, 2025
0.0386

Македонската компанија New Way Limited влезе во водечките компании за недвижнини во светот

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 10:30

Добивај вести на Viber

Македонската компанија за недвижнини New Way Limited е избрана за членка ва Организацијата на Водечки компании за недвижности во светот. Оваа организација со седиште во Чикаго е глобална мрежа составена од 500 најпознати локални и регионални компании за недвижности, со 4.600 канцеларии и 140.000 соработници во повеќе од 40 земји во светот. Оваа мрежа на годишно ниво продава 900.000 домови. „Изборот да не одберат токму нас за  филијала на мрежата на Leading Real Estate Companies of the World® претставува чекор напред во развојот на компанијата и нејзината способност да обезбеди услуги поврзани со недвижности во Скопје и пошироко. Тоа значи дека ова е обврска плус за нас како компанија, која како досега така и понатаму поставува нови стандарди во работењето во делот на агенциската работа со недвижнини. Нашата компанија има над 10 агенти за продажба, големо портфолио на клиенти, а добивањето на статус членка во оваа мрежа бараше од нас исполнување на светски стандарди во овој дел“, изјави Оливер Димитровски, сопственик и управител на компанијата. Ние сме навистина среќни бидејќи New Way Limited се приклучи кон Leading Real Estate Companies of the World®,” изјави извршниот директор на Leading Real Estate Companies of the World®, Пам О`Конор. “Изборот на компанија се вршеше врз основа на исклучителниот углед на компанијата, како и на докажаната способност истата да обезбедува услуги со висок квалитет и да влева сигурност, како и другите наши филијали. Ова ниво на услуги е основата на нашата мрежа и е основата за нашата долговечност и успех, како еден од водечките провајдери на недвижности и услуги за релокација.” Отсега преку New Way Limited ќе се обезбедуваат услуги кои го има мрежата на LeadingRE како што е широкиот спектар на брокерски услуги, кои вклучуваат интернет рекламирања за квалификувани испитувања на продажба обезбедувајќи информации за корисниците, препораки за различни пазари, поддршка за брендирање, луксузен маркетинг, онлајн рекламирање, технолошки системи и се водечки о индустријата за професионален развој. Leading Real Estate Companies of the World® е најголемата мрежа на компании за станбен простор, како и мрежа на филијали кои се многу добро познати како врвни провајдери на квалитетен станбен простор и релокациски услуги.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј