05 Декември, 2025
0.0296

Македонски, а светски! Хотел во Гевгелија доби Златна награда за квалитет

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2012 14:12

Добивај вести на Viber

Гевгелискиот хотел „Рамада Плаза“ ја доби престижната меѓународна Златна награда за квалитет, признание кое го доделува најголемата светска хотелска компанија „Виндхам Хотел Гроуп“. За да влезе во кругот на најдобрите, „Рамада Плаза“ мораше да ги постигне највисоките резултати според стандардите за квалитет и критериумите за услуга и хигиена, како и усогласеноста со стандардите за бренд.

„Наградата е голема чест за нашиот хотел и доказ за напорната работа на нашиот кадар.Ќе продолжиме и во иднина да ги услужуваме нашите ценети гости со гаранција за исполнување на високите стандарди за квалитетни услуги и сместување. Горди сме што нашиот хотел кој постои само две години,стана конкурентен на пазарот на светски познатите хотели“, изјави Петко Митов, генерален менаџер на хотелот „Рамада Плаза“ во Гевгелија.

„Виндам Хотел Груп" е најголем светски провајдер и франшизер на разновидни производи и услуги поврзани со патувања за бизнис и индивидуални корисници, со сопственост на 15 брендови, 7.260 хотели, 618.100 соби во 66 држави низ целиот свет. Еден од неговите брендови е „Рамада Ворлдвајд", синџир од 900 хотели во над 50 држави, а „Рамада Плаза Гевгелија" (Принцесс Гроуп) како дел од тој синџир постои од 2010 година, со локација на граничниот премин Богородица во Република Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници