Македонски аниматори работеа на оскаровецот „Животот на Пи“
Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2013 16:39
Тоа беше еден од трите филма на кои македонската компанија соработуваше од вкупно петте номирани филма во категоријата на визуелни ефекти за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската академија за кинематографска уметност и наука.
Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” (Одмаздници) и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” (Прометеј) и „Life of Pi” (Животот на Пи). Останатите два филма во конкуренција за визуелни ефекти беа „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ (Хобитот: Неочекувано патување) и „Snow White and the Huntsman“ (Снежана и ловецот).
За соработката со овие компании Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х порано изјави дека претставува огромна чест и задоволство заради тоа што тие се едни од најстарите и најценетите компании во овој бизнис во светот и се врвот според квалитетот и техничката реализација на нивната работа.
„Ни претставува двојно задоволство што бевме дел од проектите кои се номинирани, но филмовите како што се „Одмаздници" и „Животот на Пи" го подигаат нивото на целата индуструја. Горди сме на секој проект, овие номинации се дел од највисоката валоризација на нашата работа во нашата индустрија“, рече Даниловски
Инаку, режисерот Анг Ли го добисвојот втор „Оскар“ за филмот „Животот на Пи“, кој е создаден според истоимениот роман на Јан Мартел.
ФХ3Х соработуваа и нa проектот „Les Miserables” (Клетници) со Mill Film од Лондон - мјузикл, кој заедно со „Life of Pi” беше номиниран за најдобар филм.
Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм..
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





