Добивај вести на Viber
Расте интересот на кај македонските земјоделци за производството на кинеското дрво
Пауловнија (Paulownia). За разлика од лани, годинава се очекува поголем интерес. Во трката за профит, некои од земјоделците го напуштија традицоналното земјоделско производство и се преориентираа кон прозиводство на ова брзорастечко дрво. Лани околу 20 –тина земјоделци ја посадија пауловнијата на местото пластениците, поточно продадени се 8.000 садници. Фактот што за одгледувањето на ова дрво нема големи трошоци а светските пазари е меѓу најбараните дрва за производство на мебел, е доволна причина за зголемување на површините засадени со ова дрво.
Пауловнијата се сади од крајот на октомври до почетокот на април. Првите садници во земјава беа засадени минатата година.
Данаил Паланков од струмичкото село Муртино е првиот земјоделец кој иако беше еден од поголемите раноградинарски производители, одлучи да го напушти ова производство и на 10 хектари да подигне насад со пауловнија. Во моментов има 9.000 садници, а до есебн планира да ги зголеми на 13.000 садници.
-Во 2008 година цената на домат произведен во услови со загревање на 15 мај беше 30 денари за килограм. Состојбите во раноградинарското производство одеа само на лошо. Роа ме доведе на работ на пропаста и веднаш мораше да барам друг начин на егзистенција. Идејата која ја разработував беше производство на цреши во пластеници бидејки јас ги имав пластениците но одејќи по иституите како предлог ми го дадоа дрвото пауловнија. Но јас не му дадов значење веднаш туку после неколку месеци. За црешите се распрашував и во соседна Грција, и таму го видов дрвото како расте се распрашав за производството профитабилноста, и така се роди идејата да почнам со овој бизнис и јас. Првите садници ги набавив од Грција, раскажува Данаил Паланков.
Сега Паланков има репроцентар за садници за пауловнијата и вели дека секојдневно доаѓаат луѓе кои се интересираат за одгледување на ова дрво.
-Сега садниците ги увезувам од лабораторија од Бугарија и ги догледувам кај мене па ги продавам како едногодишни садници на есен и рана пролет. За сите што се заинтересирани за семе не се занимавам со тоа, бидејки не сакам да ги лажам луѓето дека од семе ќе израсне добро дрво, ќе чекаат 5-6 години и на крај наместо техничко дрво ке ги сечат како огревно дрво за половина цена, објаснува Паланков.
Инвестицијата е околу 8.000 евра, се враќа со првата берба
Вложените средства се враќаат со првата берба односно по три години од засадувањето на садникот, што прави ова производство исплатлив семеен агробизнис. Пауловнијата расте еден метар за еден месец, за 7-8 години прави еден кубик дрвна маса, што ја прави конкурентна на другите дрва. Поради способноста за исклучително брзо време да го развие кореновиот систем, погодна е за засадување на ерозивни терени.
- Трошоците за одгледување не се големи. После секое сечење на стеблото кое се врши најчесто во седмата или во осмата година, самото се регенерира. Карактеристично е што стеблото се сече во било кое годишно време, односно не е врзано со сезони и куси рокови за собирање, како што е случај кај другите видови. Влогот е околу 2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и сте во добивка од околу стотина илјади евра. Како се добива таа бројка, па 800 дрва во хектар по 150 евра е околу 120.000 евра, и да има нешто потфрлено, заработка е тука некаде, вели Паланков
Од секој дел од пауловнијата се заработува
Секој дел од пауловнијата може да се искористи за продажба. Дрвото нема чворови и затоа е идеално за производство на мебел.
-Брзорастечкото дрво пауловнија е најверојатно дрво на иднината кое се употребува буквално секаде, во бродоградбата за уредување на кабините, изработка на бродови и јахти, чамци како и даски за сурфање, во авиоиндрустијата за сите дрвени делови во внатрешноста бидејќи е многу лесно, потоа за производство на музички инструменти, хот и хот куќи,прозорци, врати, мебел како и за огрев бидејќи ослободува голема енергетска моќ. Ќе кажам еден податок, дека најголем корисник на ова дрво е светската фирма ИКЕА, која го користи за производство на мебелот, вели Паланков
Цената на дрвото за дрвната индустрија на светските берзи се движи од 300 долари па нагоре за метар кубен во зависност од квалитетот и намената.
Гранките од дрвото при сечењето се мелат и така се добиваат брикети.
Големите листови со дијаметар од 75 сантиметри
примаат околу 22 килограми јаглероден диоксид и ослободуваат 6 килограми кислород, така што имаат моќ да прочистуваат илјадници кубни метри воздух. Исто така тие се многу хранливи и се користат во исхраната на домашните животни. Во некои земји лисјата се користат и во фармацевтската индустрија. Цветовите, чајот и сирупите добиени од нив, се користат за лекување на болести на црниот дроб, жолчката, крвниот притисок и бронхит.
Данаил Паланков е оптимист дека во овој агробизнис ќе биде успешен. До првата берба очекува да ги добие сите дозволи и сертификати за да може производот да го пласира на светските берзи и на странски фирми. Со количините кои очекува да ги произведе, може да конкурира на светските берзи, но планира продажба и на домашниот пазар.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.