Македонски експерти презентираа истражување за никотинот на светски научен самит за намалувањето на штетите од тутунот
Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2025 15:49
Глобалните стратегиите и регулативата за контрола на тутунот мора да се засноваат врз научни сознанија и докази, а намалувањето на штетата да стане столб на политиките за јавно здравје. Ова е генералниот заклучок од научниот Самит за намалување на штетата од тутун што по осми пат се одржа во Атина во организација на Меѓународната асоцијација за контрола на пушењето и намалување на штети (SCOHRE).
Повеќе од 200 стручни лица од 51 земја, меѓу кои имаше и експерти од Македонија, дискутираа за намалувањето на штетите од тутун како значајна стратегија за унапредување на јавното здравје за пушачите кои не сакаат да се откажат од никотинот. Во овој контекст, учесниците ги споделија најновите истражувања и сознанија за алтернативите на пушењето, како и позитивните светски практики од поразвиените земји каде што стратегиите за јавното здравје опфаќаат безбедни и регулирани алтернативи како помалку штетна опција за пушачите.
- Додека престанокот на пушењето останува златен стандард, алтернативите како што се електронските цигари, загреаниот тутун и оралните никотински производи претставуваат прагматична, научно базирана опција – беше генералниот заклучок од презентираните истражувања, сознанија и споделени практики на конференцијата.
Група експерти од Македонија пред учесниците на Самитот презентираше научна студија за никотинот - како неговите молекули се однесуваат во различни состојби. Студијата „Експериментална и теориска студија на вибрационата динамика кај никотин и негови деривати во различни состојби“ ја спроведоа универзитетските професори Љупчо Пејов, Јасмина Тониќ Рибарска, Кристина Митиќ, Мереме Идризи и Благој Ачевски, во која точно утврдија кои видови вибрации постојат кај молекулите на никотинот и како тие се менуваат во зависност од состојбата во која се наоѓаат.
Професорот Карл Фагерстром, експерт за јавно здравје, во својот воведен говор на Самитот се осврна на искуството на Шведска со никотинот, каде што земјата ја спушти стапката на пушење на само 5%, најниска во Европската Унија. Овој успех на Шведска во голема мера се припишува на широката употреба на никотински производи без чад.
- Ова достигнување е јасен доказ дека намалувањето на штетите од тутунот функционира, поткрепено со податоци од реалниот свет. Време е да се преиспитаат јавните политики и да се осигура дека науката, а не идеологијата, ги води одлуките за јавно здравје – истакна Фагерстром.
Во однос на европските политики за јавното здравје, експертите се осврнаа на предизвикот на зголемувањето на трошоците за јавно здравство во Европа. Тие се согласуваат дека повеќето земји не можат да продолжат да ги зголемуваат буџетите за здравствена заштита во ситуација кога хроничните болести претставуваат значителен економски товар за државите. Тоа го прави концептот на намалувањето на штетите суштинска стратегија за превенција, со многубројни медицински и економски придобивки.
ПР објава на ФМТКП
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





