05 Декември, 2025
0.1995

Македонски инвеститор влезе во грчки бизнис со купување на удел во компанија за експлозиви

Објавено во: Економија 09 Јули, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Еден од најуспешните бизнисмени од Кавадарци, Лазар Пончев, сопственикот на „Машинокоп“, потврди дека превземал 49 отсто од сопственоста на Хеленик Експлозивс Технолоџи (ЕЛТЕК), грчка компанија од Гребен, најбрзорастечка во минерството и експлозиви на Балканот за потребите на градежништвото и рударството.

Според него, ова е редок феномен во македонскиот бизнис. Додека големи грчки играчи ги преземаат македонските бизниси, овој пат ситуацијата е спротивна. Вели дека ова е успех за македонското стопанство, но и за една од најуспешните компании во рударството во Македонија и воопшто во Кавадарци. 

„Фактор“ вчера пишуваше за трансакцијата но од „Машинокоп“, не откриваат за колкава сума е купен уделот.

„Машинокоп“ со добивка од 3,6 милиони евра и приход од 20,1 милиони евра е една од најбрзорастечките компании во нашата земја. Во споредба со една година претходно приходите нараснале за 17 отсто, додека добивката е зголемена за 44 проценти.

- Имавме претходни контакти со оваа грчка компанија затоа што од нив купувавме стопански експлозиви, а во меѓувреме ни дозволија да станеме дел од нив на наше барање. Ова значи дека „Машинокоп“ инвестира во оваа грчка компанија, а не спротивно, што е навистина ретко во бизнис-односите меѓу двете земји. Со ЕЛТЕК ќе инвестираме и во Македонија, а прво што ќе направиме е тоа што рудникот за железо „Дамјан“ од Радовиш ќе го направиме погон за производство на стопански експлозив, велат од управата.

Кавадаречката компанија е и позната по тоа што има и еден тендер за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола склучен во 2019 во висина од 5,3 милиони евра. Основна дејност на “Машинокоп” е површинска и подземна експлоатација на минерални суровини, со специјални рударски машини како и градежна механизација. Специјализација на компанијата се минерските работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти, техничко испитување и анализа и подигање на згради кои спаѓаат во споредна дејност. Релативно новиот холдинг со 155 вработени, покрај ископ на руда,  може да работи и на пробивање, проширување и асфалтирање на патишта, но и на ископ на песок, чакал, камен.

Инаку ЕЛТЕК е компанија во развој за трговија и производство на експлозиви на Балканот. Hellenic Explosive Technology (ЕЛТЕК) е основана во 2010 година со седиште во северна Грција, во Гребен.  Во своја сопственост има површина од 100 хектари со 14 модерни индустриски капацитети, магацини со вкупен капацитет од 700 тони суровина и 200 тони експлозив и со модерна и сертифициран возен парк.

Според она што го пишува за себе, ЕЛТЕК изградила брзо растечка трговска мрежа да ги задоволи барањата во Грција, Кипар, Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Романија и Србија, додека истовремено бележи стабилно зголемување на продажбата од 25 отсто. Од таму велат дека постојано инвестираат во истражување на нови производи, во развој на современи и побезбедни хемиски состави и рударски процеси.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката