Македонски кроасани освојуваат девет странски пазари
Кроасаните 4U може да се најдат во Грција, Србија, Косово, Албанија, ЦрнаГора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија иво Италија, а достапни се и низ поголемите маркети во земјава
Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2016 08:00
Следејќи ја идејата да создадат производ кој ќе го има вкусот и мирисот како да е подготвен дома, македонската фабрика „Жито пром“ ги направи кроасаните 4U кои веќе освоија и девет странски пазари. Тие може да се најдат во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Италија, а достапни се и за домашните консументи низ поголемите маркети во државата.

Приказната зад фабриката почна пред 19 години во Гевгелија како семеен бизнис, карактеристика што брендот ја поседува и денес.
„Жито пром“сега произведува и брашно, а кроасаните им се главен адут за извоз. Кроасаните се произведуваат во неколку различни вкусови – какао, ванила, јагода и кајсија, но во план е палетата во иднина да се шири.

Тие имаат ХАСАП сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната, TUV Austria. Тајната е во италијанската рецептура што се базира на користење на природен квасец наместо комерцијален, купечки.
- Природниот квасец вклучува уникатен процес на бавна ферментација односно растење на тестото, за на крај да се добие свеж, мек и вкусен кроасан без користење на дополнителни хемиски адитиви. Човечки фактор е всушност најважен во целата потготовка што му дава еден уште поголем шарм и вкус на парчето кроасан. Како кога дома, мајките или бабите ќе ни потготвеа на традиционален начин кифлички, не можеш да не ги сакаш – вели Татјана Танева дел од менаџерскиот тим на „Жито пром“.
Компанијата годинава се јавува и како генерален спонзор на еден од најстарите детски фестивали во државата „Златно славејче“ кој ќе се одржува на 17, 18 и 19 ноември.

- Станува збор за еден од најстарите манифестации во земјава која има посебно место во подигањето на македонската музика поради што сакавме да го поддржиме. „Златно славејче“ е бренд чија што мисија и приказна кореспондира со онаа на нашата компанија, а под тоа подразбирам приказна на трудољубивост, на работа и на квалитет – додава Танева.

„Жито пром“ е сместена во близина на Гевгелија и во моментов брои 40 вработени. Долгорочниот план на менаџерскиот тим е насочен кон освојување на странските пазари како и на зацврстување на позицијата на домашниот пазар.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




