06 Декември, 2025
0.0336

Македонски лекари ќе се обучуваат во „Свето Срце“-болницата на Папата

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Македонски лекари од торакалната сфера ќе се обучуваат на Католичкиот универзитет „Свето Срце“ при болницата „Агостино Џемели“, во Рим, Италија.

„Ендоскопската операција на тироидната жлезда може да се усоврши за 6 месеци, по што оваа метода ќе се применува и кај нас“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.

Можноста за стекнување знаења во оваа болница која е во рамките на Католичкиот Универзитет ,, Свето срце,, во Рим, се овозможи со денеска потпишаниот меморандум за соработка меѓу министерот за здравство Никола Тодоров и деканот на Универзитетот, „Свето Срце“ Проф. Др Роко Белантоне.

Во тимот со Белантоне беше и директорот на болницата Агостино Џемели Проф.Доктор Гуидо Костамања хирург кој ќе ги обучува македонските лекари и кој го оперирал Папата Јован Павле втори.

Досега во „Свето Срце“ се обучувале тројца македонски лекари од областа на гастроентерохепатологијата.

Во следната фаза обуката ќе се прошири и од областа на хирургија на тиреоидеја. Со едукација на македонските лекари ќе се овозможи примена на оваа напредна хируршка метода првпат во регионот.

„Свето Срце“ е наголемиот католички универзитет, а болницата која е во состав на универзитетот е најпозната католичка здравствена установа во светот. Во оваа болница досега се едуцирале околу 2000 лекари од разни земји.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј