02 Декември, 2024
0.0462

Македонски претставници на Самит за земјоделство во Берлин

Објавено во: Агробизнис 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Берлин ќе учествува на Самитот на министри за земјоделство, што се одржува во рамките на Меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“.

Како што стои во соопштението на Министерството, на годинашниот Самит на министри, главна тема ќе биде прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популацијата која на глобално ниво сè повеќе расте и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој.

Акцент исто така ќе се стави и на инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој, што е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.