Македонски проект посебно пофален во Извештајот на Светска банка: Во друштво сме со Естонија и Данска
Објавено во: Економија 01 Април, 2021
Во низата лоши вести, долга пандемија, недостиг од вакцини, економска криза, Македонија се најде во светски извештај по добра работа. И тоа во друштво со Естонија и Данска. Имено во последното издание на Економскиот извештај на Светска банка за Европа и Централна Азија во посебен дел кој се однесува на напорите за подобрување на јавното живеење преку нови технологии е споменет проект кој функционира во македонскиот главен град. Трите проекти, односно овој во Скопје и еден од Естонија и другиот од Данска се однесуваат на складирање и поврзување на податоци за олеснување на функционирањето на општеството и живеењето. Македонскиот проект е базиран на Интернет на нештата и е за автоматизација на менаџирањето на сообраќајот во главниот град. Станува збор за систем кој собира податоци од детектори на патиштата, сензорите за квалитет на воздух и камерите за сообраќај за да го автоматизира сообраќајот и да го намали метежот. Во Извештајот на Светска банка пишува дека поради проектот сообраќајната гужва во главниот град се намалила за 20 отсто.
Овој проект го раководи Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје. Станува збор за современ и комплексен систем за управување на сообраќајот, којшто е инсталиран на 92 крстосници од каде што се прибираат информации за бројот на возила и состојбата во сообраќајот во реално време. Системот работи на адаптивна контрола, и преку него секоја крстосница со соседните комуницира и споделува информации за бројот на возилата, со тоа што наредната крстосница би имала информација колкав прилив на возила треба да прими и оттука дали да си го зголеми времето на зелено светло или пак да го намали.
Центарот врши прибирање на податоци за бројот на возила во период од 24 часа, секој ден во годината, коишто служат за понатамошни пресметки и планирање на сообраќајот на главните сообраќајни артерии во градот Скопје. Преку системот за адаптивна контрола можат да се регулираат семафорите мануелно односно да се исклучат на трепкач или пак да се активира зелениот сигнал на конкретен семафор од еден правец, ако се увиди потреба за намалување на метежот, како и активирање на сигнални планови за тоа како треба да работат крстосниците во одреден период од денот. Преку камерите што се поставени на крстосниците во градот, но и преку индуктивните детектори , поставени на коловозот, од коишто се врши прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, се следи работата на светлосните сигнали во реално време, визуелно се набљудува сообраќајот и Центарот добива комплетна слика за состојбата на сообраќајот во Скопје.
Во Извештајот на Светска банка пишува декамногу влади вовеле технологија на податоци за подобрување на управувањето со јавниот сектор. Како водечки пример го споменуваат системот X-Road на Естонија, поврзана инфраструктура за информации што содржи административни податоци (регистар на население, деловен регистар, база на податоци за медицински рецепти). Дигиталната размена на податоци ги олеснува административните процеси користејќи анализа на податоци преку поврзани бази на податоци. Системот е толку ефикасен што им овозможува на корисниците да регистрираат компанија за само три часа. Данската влада пак осмисли систем за рано предупредување со податоци што се користикако аларм за властите кога ранливите деца се во прашање. Системот собира податоци од различни извори, како што се документирани ментални болести, пропуштени состаноци на лекар и индикатори на сиромаштија во специфични региони, за да се осмисли систем на бодови. Доколку се постигне праг, се обележува кое е детео дете и се почнува соодветна интервенција. Данската влада експериментираше и со аналитика на предвидливи податоци за да им помогне на постарите лица. Со оглед на личното здравје, историјата на помошта и СМС-пораките со старателите, моделот може да предвиди со 80 отсто точност кога е потребно ново ниво на помош.
Инаку извештајот е за економските предвидувања. Светска банка објави детали и за македонската економија.
Александра Томиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.