Светска банка излезе со прогноза за растот на македонската економија, полоша е само Босна
Објавено во: Економија, Корона Вирус 31 Март, 2021
Македонија и оваа година на економски план ќе биде меѓу последните во регионот. Mакедонската економија за годинава ќе има раст од 3,6 отсто и за наредната од 3,5 проценти. Со ваква прогноза излезе Светска банка.
Банката наведува дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од коронавирусот по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи. Светска банката проценува дека има поволни услови за економски раст на среден рок и за зголемување на продуктивноста во Албанија и Македонија. Оценува дека тие ќе имаат забрзувањето на структурните реформи како дел од подготовката за членство во ЕУ. Ова е под претпоставка дека почетокот на преговорите нема да биде одложен.
Од државите во регионот најголем раст за 2021 година е предвиден во Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од пет, Албанија 4,4, Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 проценти за Македонија и Босна и Херцеговина.
Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просек на европско-ценралноазискиот регион.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.